cveke cuvar kuka

Имајте убава кожа без акни со помош на цвеќето чувар куќа

Чувар куќата (Sempervivum tectorum) е интересно растение, кое често се користи како лек во народната медицина. Многумина го чуваат во својот дом, а името го добило според народното верување дека ја чува и штити куќата и семејството од пожари, болести… Како лек најчесто се користи сокот од чувар куќа кој е ефикасен за лечење на акни и лузни, а ја затегнува и кожата.

2 домашни препарати за природно хидрирање на кожата на лицето 1

2 домашни препарати за природно хидрирање на кожата на лицето

Пробајте да направите нешто и самите дома за вашето лице, негувајте ја и заштитете ја кожата на лицето! Тоа можете да го направите и со домашни препарати за природно хидрирање, па прочитајте ги нашите предлози кои се испробани и делуваат.

prirodni pilinzi za lice

4 природни пилинзи за лице и тело

Пилинзите се многу важни за вашата кожа. Со нив ќе избегнете појава на митесери, ќе ја подобрите циркулацијата и регенерацијата на клетките на кожата. Со повремени пилинзи и добар хидратантен крем, вашата кожа ќе изглед свежо и чисто. Погледнете ја нашата омилена листа на природни пилинзи за лице и тело.

Како да ги намалите проширените пори на лицето 1

Како да ги намалите проширените пори на лицето?

Проширените пори на лицето му го одземаат оној мазен, посакуван изглед на нежност, а нечистотијата лесно се „вгнездува“ во кожата. Скоро секој од нас, барем на одделни делови од лицето има проширени пори кои се изразени, па препорачуваме да ги прочитате и испробате нашите маски и добри совети.

Испробан рецепт за домашен хидратантен крем 1

Испробан рецепт за домашен хидратантен крем

Како што сме рекле и многу пати досега, не секогаш ви се потребни многу пари за да купите скапоцени препарати за нега на кожата. Ја сакаме природната нега, па еве еден испробан рецепт за домашен хидратантен крем. Кремот може да го користите за спречување на појава на брчки и „пеглање“ на постоечките, а и како средство за отстранување на шминка. Одличен е за нега и длабинска хидратација на кожата!

Со масло од лаванда до здраво тело и здрав дух 1

Со масло од лаванда до здраво тело и здрав дух – за чиста кожа без акни, здрава коса, лесен сон и против глабоволки

Со масло од лаванда до убавина која краде воздишки! Многумина ја нарекуваат лавандата „лек за сѐ“. Нејзините цветови поседуваат лековито дејство, а пред се антисептичко, противвоспалително и смирувачко. Лавандата е аналгетик, диуретик, антидепресив, антиреуматик, антитоксик, седатив, тоник, стимуланс. Етеричното масло од лаванда е едно од ретките кои на кожата може да се нанесуваат директно на кожата, а тоа е една од неговите предности.

намалување на флеките на лицето

Домашен третман за намалување на флеките на лицето

Мелазмата претставува хиперпигментација на кожата и најчесто се јавува кај жените, а кај машката популација е застапена само со 10%. Најчесто се јавува на горниот дел од телото, особено на лицето, вратот и грбот. Како и да е, за намалување на флеките на лицето нема потреба да посетувате козметички салон. Пробајте го овој домашен третман и за месец дена ќе забележите видно подобрување на изгледот на кожата.

природна маска за хидратација на лицето 1

Имајте негувана и затегната кожа со природна маска за хидратација на лицето

Наместо да давате „куп пари“ на скапи козметики, креми или козметичари, пробајте да направите нешто и самите дома за вашето лице. Можеби веќе користите, а можеби не сте знале дека сите имаме лесно достапна козметика во фрижидерите дома? Да, можете да направите домашна и природна маска за хидратација на лицето!

маска за затегнување на кожата

Домашна маска за затегнување на кожата на вратот

Негата на вратот е исто толку важна како и негата на лицето, а и целото тело. Сите жени знаат дека вратот ги издава годините. А дали правите нешто за да го спречите тоа? За да ја освежите кожата на вратот и да изгледате помладо, пробајте ја оваа домашна маска за затегнување на кожата со куркума и шеќер. 

длабинско прочистување на порите на лицето 1

Природна маска за длабинско прочистување на порите на лицето

Оваа маска многу добро ги прочистува порите на лицето и ја затегнува кожата. Природна е и не е комплексна за правење, а резултатите кои ги дава се сосем задоволителни.

убаво лице

За дамите над 40 години: ефикасни совети за убаво лице

Дами, време е да се уверите дека најубавите години само што започнале! Чувствувајте се прекрасно, имајте свежо, подмладено и убаво лице и на возраст над 40 години. Следете ги овие совети за убаво лице и заблескајте со младешки сјај.

третман на лице

Предновогодишна акција – 2 класични третмани, обликување на веѓи или надусници и масажа по промотивна цена

Драги читатели, во соработка со козметичкото студио Бела Дона, Битола припремивме одлична предновогодишна акција. Добијте два класични третмани за чистење на лицето, обликување на веѓи или надусници и масажа на лицето, вратот и деколтето со времетраење од 20 минути при секој третман, по промотивна цена од 1000 денари. Закажете термин на 075 861 907, секој работен ден од 10 до 17 часот.  И не заборавајте, понудата може да ја користите сами во два наврати или да ја поделите со пријателката и предновогодишно заедно да се разубавите и расположите!

маска за лице

Зимска маска за нега на лицето во ладните денови

Ниските температури и ветерот влијаат негативно на изгледот на кожата. Заедно со сувиот воздух во затворените простории, тие предизвикуваат кожата да биде сува, без сјај, затегната, па дури и да се лупи и иритира. Ние имаме природно решение! Оваа зимска маска за нега на лицето ќе и обезбеди витамини, минерали и антиоксиданси на кожата, кои ќе и помогнат да се бори против штетните фактори кои се непријатели во текот на ладните денови.