посна фокача

Посна фокача со маслинки, чери домати и рузмарин

Вкусно за целото семејство! Супер лесен и брз рецепт за популарната италијанска фокача, овој пат во посна варијанта со нашето омилено маслиново масло. Па, доколку сте љубители на медитеранската кујна, вие сте на вистинското место. Подгответе ја нашата посна фокача со маслинки, домати и рузмарин и за миг отпатувајте на некоја песочна плажа со вашите најмили. Ова е вкус кој освојува!

пикантен намаз од маслинки

Пикантен намаз од маслинки и сончоглед

Доколку ви се допаѓа вкусот на маслинките, а истовремено обожавате и лута храна, тогаш ова е вистинскиот избор за намаз. Богатиот вкус на маслинките и пикантна арома од црниот бибер ќе ги исполнат сите ваши сетила. Па, доколку се спремате за пости или едноставно сакате да си подготвите здрав појадок, тогаш домашниот пикантен намаз од маслинки и сончоглед е нешто што мора да го пробате.

капрезе салата со рукола

Капрезе салата со рукола, маслинки и песто

Популарната капрезе салата во нова варијанта и уште подобар вкус! За љубителите на италијанската кујна, оваа капрезе салата со рукола, маслинки и песто ќе им дојде како ново гурманско уживање.  

Солени стапчиња со маслинки и кашкавал

Солени стапчиња со маслинки и кашкавал

Имаме нов супер брз и лесен рецепт за солени стапчиња кој ни доаѓа од кујната на Лана. Овие солени стапчиња со маслинки и кашкавал се полн погодок за сите оние кои ја обожаваат медитеранската кујна, но и за сите останати кои сакаат да грицкаат нешто домашно и вкусно додека го гледаат омилениот филм или спортски натпревар. По желба, секако може да ги направите и со други состојки по сопствен вкус, изборот е ваш, а можностите на комбинации на вкусови се неограничени.

печени лепчиња со маслинки

Домашни лепчиња со маслинки

Пролетта е како создадена за прошетки во природа и излети на свеж воздух. Па, спакувајте го ќебенцето и корпата за пикник, направете ги овие вкусни  домашни лепчиња со маслинки и посетете ја најблиската ливада и уживајте во прекрасното топло време. Рецептот ни доаѓа од кујната на Лана, а вие знаете дека сите нејзини јадења се вистинско ремек дело.

Посна фокача со компири, маслинки и домати

Посна фокача со компири, маслинки и домати

Постите нека бидат повкусни и полесни! Имаме нов рецепт кој ќе го освои сечиј вкус. Станува збор за посна фокача со компири, маслинки и домати. Зачинета со рузмарин за екстра медитерански вкус.

Здраво лепче со маслинки, семиња и домати 1

Здраво лепче со маслинки, семиња и домати

Од нашата кујна, направено со љубов од внимателно избрани состојки! Здравиот животен стил е наш императив, па се трудиме секојдневната исхрана да ја исполниме со што повеќе интересни јадења кои се добри за здравјето. Да се направи нешто што само е вкусно, лесно е, но да се направи нешто здраво и вкусно е предизвик! Па, предизвикот е остварен и топло ви препорачуваме да го пробате нашето здраво лепче со маслинки, семиња и домати!

Компир пита без брашно за 10 минути 1

Компир пита без брашно за 10 минути

Од нашата кујна! Превкусната компир пита без брашно настана сосем спонтано, а резултатот, односно вкусот, беше многу позитивно изненадување и вистинско уживање! Толку лесна за јадење, воопшто не предизвикува некакви тешкотии во стомакот.

Динстани моркови со зачини и маслинки 1

Динстани моркови со зачини и маслинки

Уживањето во зеленчукот може да биде неизмерно, а посебно кога знаеме добро да го подготвиме. Невена, како и обично споделува со нас лесен и креативен рецепт за динстани моркови кои се умешно зачинети и плус комбинирани со црни маслинки.

Медитеранска салата од запечена фета со домати и црни маслинки 1

Медитеранска салата од запечена фета со домати и црни маслинки

Летото е создадено за полни чинии радост и бои! Барајќи идеја како да си го разубавиме и измениме секојдневното мени, наидовме на интересна медитеранска салата од запечена фета со домати и маслинки. Па и сервирана со лепче, мерак за душата!