Овчарска пита – специјалитет со мелено месо во сос и пире од компири

Го истражуваме светот и ви ги презентираме најдобрите јадења со нашите пријатели Агриа! Овој пат ве водиме во Англија на дегустација на еден специјалитет кој се приготвува со мелено месо и пире од компири. Станува збор за познатата селска, овчарска пита.

тестенини во бел сос

Тестенини во бел сос 

Секој ден е идеален ден за тестенини во сос! Покрај, карбонара и болоњезе, ви препорачуваме да ги испробате тестенините во бел сос. Послужете ги со парче месо и имате комплетен оброк за ручек или вечера!

Рецепт за домашни ќебапи – од кујната на Марија Кочовска

„Ќебапи или плескавици? Што обожаваш повеќе? – Одамна бев во потрага на различни рецепти за подготовка на домашни ќебапи. А сега го пронајдов најдобриот. Убави се на скара или приготвени во грил тава. Брзо се печат, а од кога го испробав овој рецепт, сега почесто ќе бидат на нашата трпеза. 

празнични рецепти за печено свинско месо

3 празнични рецепти за печено свинско месо 

Празниците ни се пред прагот. Овој е период на гурмански трпези и најубави рецепти! Што да направиш за Новата година и Божиќ? – Ги избравме најдобрите 3 празнични рецепти за печено свинско месо. 

печено месо во рерна совети

5 совети за сочно и вкусно печено месо во рерна

Божиќните празници доаѓаат, а традиционално кај нас се приготвува печено месо. Најчесто се бираат поголеми парчиња месо кои бавно се печат, за да се добие сочно и вкусно месо. Припремата на печено месо во рерна, на прв поглед може да изгледа како едноставна задача, но постојат одредени правила и трикови, со кои ќе направите совршено печење. 

ролат од мелено месо

Ролат од мелено месо со сос од кечап и чили

Дали сакаш да испробаш нешто многу вкусно за викенд или за време на празниците кои доаѓаат? – Припремивме ново гастрономско уживање и јадење кој сигурно ќе го запишеш во тетратката со омилени рецепти. Испробај го пикантниот ролат од мелено месо со сос од кечап и чили. 

Сарма од свежа зелка 

Македонската кујна е богата со голем број на традиционални и убави рецепти. Таков е и овој рецепт за сарма од свежа зелка. Нашите баби беа вешти и ја приготвуваа оваа сарма во есенскиот период – во посна и мрсна варијанта, зависно од вкусот. Додека ја чекаме киселата зелка, може да уживаме во вкусот на сармата и со свежа зелка. Постапката за подготовка е малку поразлична, затоа што зелката прво се вари со оцет и вода, а потоа листовите се вадат.

Брзи тако тортилји со мелено месо 1

Од кујната на Катерина: Брзи тако тортилји со мелено месо

„За сите љубители на мексиканската кујна имам совршено вкусен рецепт! Ако немате идеја, брзи тако тортилји со мелено месо се идеален избор за целото семејство! Многу често приготвувам вака и вкусот е уживање!“ – вели Катерина Шамбевска Спасеновска  уредник и фудблогер од нашиот тим. 

макарони со ќофтиња во сос

Макарони со ќофтиња од мелено месо во сос

Немаш идеја што вкусно да зготвиш? – Продолжи со читање и откриј го рецептот за брзите макарони со ќофтиња од мелено месо во сос од домати. Може да се каже дека е едноставно јадење кое може да се приготви за кратко време и може да го приготви секој! 

печени медитерански тиквички

Медитерански полнети тиквички во доматен сос – од кујната на Марија Кочовска

„Превкусни се! Медитеранските полнети тиквички во доматен сос ќе го освојат сечиј вкус. Летото е сезона на тиквичките, па ги искористив и припремив нов рецепт кој одговора во повеќе диетални режими – УН диета, хроно диета, безлутенска исхрана, исхрана со мал број на јагленихидрати…

Пржен ориз со свинско месо и пиперки

Испробај ја популарната азиска храна со фантастичен вкус! Ако сакаш да направиш брз, вкусен и здрав оброк, пробај го овој рецепт за пржен ориз со свинско месо и пиперки. Лесен е за подготовка и се прави со состојки кои веројатно веќе ги имаш во кујната. Ако ти останал ориз од претходниот ден, ова е одличен начин да го искористиш. Превкусно е!

Пилешки бургери со печено крцкаво месо – од кујната на Марија Кочовска

Време е за домашен Food Corner! Летото е идеално за дружба со домашни пилешки бургери кои се превкусни! Толку меки и сочни! Месото се приготвува со печење, а за 30-тина минути ќе имате бугери за целото друштво. Имаат помал број на калории, се прават брзо, а верувајте ќе бидат омилени на вашата трпеза. Крцкави од надвор, а сочни од внатре! Снимив и видео од подготовката и те предизвикувам да ги испробаш во прва прилика.