крем чорба од пченка и компири

Крем чорба од пченка и компири

Доколку и вие сакате да дегустирате нови вкусови и да експериментирате во кујната, тогаш овој рецепт е совршен за вас. Можеби досега не ви текнало да си подготвите чорбa со пченка, но сега е вистински момент да го направите тоа. Оваа крем чорба од пченка и компири има навистина интересен вкус, кој ќе ве освои уште со првата лажица.

Крем чорба од пченка

Време е за нови вкусови! Сигурни сме дека досега не сте пробале ваква крем чорба од пченка. Благодарение на Катерина и нејзиниот одличен рецепт, сега сите ќе може да направиме нов рецепт и да го почестиме семејството.

Кои се придобивките од консумацијата на пченкарно брашно 1

Кои се придобивките од консумацијата на пченкарно брашно?

Пченката е житарка која често се консумира во вид на конзервирана пченка, варена пченка(кочан) или како пуканки. Постојат повеќе сорти пченка, а најчесто употребувани сорти се шеќерната пченка и пченката од која се прават пуканки. Пченката е карактеристична по тоа што е уште една безглутенска житарка и денес се поголема примена наоѓа во исхраната на лицата кои имаат целијачна болест. Од неа може да се добие пченкарно брашно кое се користи во мешавини за разни видови леб, печива или за пченкарна пита – кај нас позната како проја. Пченката не содржи глутен, но затоа пак содржи многу други корисни материи за кои можете да прочитате во продолжение.

Палента – брза и лесна храна

Брзата и лесна за припрема палента е многу обожавана од поголем број луѓе токму поради тие карактиристики и исто така затоа што е вкусна. Погодна е за безглутенска и диетална исхрана, а супер се вклопува во разни комбинации и рецепти со свинко месо, зачинети стапчиња, со зеленчук итн.

Егзотична салата со пилешко месо, ананас и пченка

Егзотична салата со пилешко месо, ананас и пченка

Нашата пријателка од блогот Кuhinjica Мignone и овој пат не почести со интересен и малку поинаков рецепт. А, бидејќи нејзините идеи се одлични со задоволство го споделуваме и рецептов за егзотична салата со пилешко месо, ананас и пченка. 

палента

Како да направите совршена палента

Палентата има историја која датира од 1700 година кога ја стекнала својата популарност во Италија, каде што ја сметале за храна на селаните, бидејќи ја имало во изобилство и по ниска цена. Малата содржина на масти, прости шеќери и натриум, ја прават палентата добра основа за здрав оброк кој го обезбедува организамот со енергија.

5 добри причини да јадете пченка

Зеленчук или житарица? Пченката можеме да ја наречеме специјална храна, затоа што припаѓа во двете категории на храна. Кочаните кои што ги консумираме свежи во лето, се класифицираат како зеленчук, а пченката за пуканки припаѓа во групата на житарици. За пченката можеме да кажеме дека е супер храна. Богата е со антиоксиданси, растителни влакна, витамини и минерали, кои позитивно влијаат врз организмот. Еве неколку добри причини за редовно да консумирате пченка: