совети за детоксикација

Д-р Нела советува: 5 лесни совети за детоксикација по празниците

За многумина од нас, прославувањето на новогодишните и божиќните празници вклучува дегустација на вкусни јадења и пијалаци во поголема количина. Празничните навики често доведуваат до прејадување, консумација на храна богата со шеќер, алкохол, помалку сон, со што се намалува можноста на организмот за детоксикација. Токму на оваа тема, поразговаравме со Д-р Нела, која ни даде неколку лесни совети за детоксикација на организмот по празниците.

Опасности кои се кријат во припремата на празничната храна

Најчесто кога се приготвува храната за Новогодишните и Божиќните празници многу ретко се помислува на опасностите кои демнат по здравјето. Бидејќи, ретко кој и да е свесен за опасностите кои се кријат во припремата на празничната храна, ние ќе се обидеме да ве предупредиме за дел од ситуациите кои може да бидат потенцијално опасни по здравјето на вашите гости.

Новогодишни декоративни ѕвезди од хартија 1

Новогодишни декоративни ѕвезди од хартија

Новогодишите празници се наближуваат, па ни останува уште малку време да завршиме со сите подготовки и декорации за пречекот на најлудата ноќ. Но, често готовите украси се прескапи, па затоа  ние имаме една супер идеја за изработка на декоративни ѕвезди од хартија кои нема да ве чинат речиси ништо. Единствено ќе треба да одвоите само малку од вашето време кое нема да биде залудно потрошено, затоа што крајниот резултат е навистина неодолив и прекрасен.

светкави ѕвезди

Направете новогодишни светкави ѕвезди

На креативноста и нема крај кога се во прашање новогодишните и божиќните празници. Било да се работи за креативни рецепти за вкусни божиќни колачиња или пак за интересни идеи за украси за елка, можеме да најдеме инспирација на секој чекор. Нас секогаш нѐ фасцинира идејата да направиме од „ништо – нешто“, па затоа денеска ви претставуваме лесен и забавен начин да направите новогодишни светкави ѕвезди кои може да ги искористите како лампиони за елката.

Кремаста чизкејк торта со малини и боровинки 1

Кремаста чизкејк торта со малини и боровинки

Празниците се одличен повод да се собери целата фамилија и да се споделат убави заеднички моменти. За да имате повеќе време да уживате со вашите најблиски, ви предлагаме еден супер брз и лесен рецепт за кремаста чизкејк торта која сите ќе ја обожаваат.

Направете снежни топки од конец за плетење 1

Направете снежни топки од конец за плетење

Може со нив да ја накитите елката, а може и да ви послужат како декорација преку целата година ако сакате дома да имате нешто што ќе ве потсетува на зимата и празниците. Но, најубавото кај овие снежни топки е тоа што можете сами да си ги направите.

Лесно направете украс снешко 1

Лесно направете украс снешко

Несомнено, домашно направениот украс снешко засекогаш ќе им биде омилен зимски лик на вашите деца. Додека надвор сеуште нема доволно снег и не можете да направите вистински снешко, може да го искористите овој видео туторијал и подеднакво да се забавувате.

Како да го подготвите вашиот организам за престојните празници 1

Како да го подготвите вашиот организам за престојните празници?

Кога новогодишните и божиќните празници ќе ни пристигнат, најверојатно ќе заборавите на сите правила за здрава и избалансирана исхрана, па ќе посегнете по сите мали слатки задоволства кои вообичаено ги одбегнувате. Затоа, сега е вистинско време да го подготвите вашиот организам за нездравиот начин на исхрана во празничните денови.

елки од шишарки

Новогодишни мали елки од шишарки

Новогодишните и божиќните празници ни се на самиот праг, па покрај китењето на елката време е да направиме и по некој друг празничен украс, со цел да ја внесеме новогодишната магијата во нашиот дом. Ние навистина ги сакаме празниците и се она што тие ни носат, а тука секако спаѓаат и интересните идеи за разни декорации. Денес ќе ви покажеме како да си направете новогодишни мали елки од шишарки.

зимска депресија

5 интересни начини со кои ќе ја победите зимската депресија

Сончевите денови полека заминуваа, часовникот се помести и полека ги дочекуваме претстојните празници. Со зимското време и намалувањето на сончевите интервали, кај некои луѓе се јавува сезонско нарушување, односно лаички речено, зимска депресија. Ако и вие се соочувате со полошо расположение во зимскиот период, прочитајте ги овие совети кои ќе ви помогнат во надминувањето на депресијата.

пакување на подароци

4 креативни начини за пакување на подароци

Ако сакате најблиските да ги израдувате со подароци за Новата година и празниците кои доаѓаат, можете да ги завиткате креативно и со многу љубов. А sezahrana.mk е место на кое може да најдете  лесни и интересни идеи за пакување на подароци.  

Зимска декоративна салфетка за свечености

Збогатете ги вашите единствени и неповторливи моменти, фамилијарните свечености – свадби, крштевки и разни прослави со специјално припремена декоративна салфетка за свечености како дел од пречекот на секој гостин во зимските денови!

Божиќна ѕвезда од салфетка

Декорација која мора да се направи! Од обична црвена салфетка ќе направите прекрасен украс Божиќна ѕвезда од салфетка која на вашата семејна трпеза за Божиќ ќе стои совршено, а нејзината изведба е многу едноставна и лесна! 

колачи празнични бастунчиња

Како да направите колачи празнични бастунчиња?

Сакате ли да знаете како може да направите прекрасни колачи празнични бастунчиња? Воопшто не е тешко! Новата година ни е на прагот, а има ли подобар начин од можноста да ја започнеме со слатки колачи празнични бастунчиња? Уживајте во нив и бидете среќни додека може да уживате во празниците!