Канапеи мала

Брзи канапеи од леб – од кујната на Марија Кочовска

Креативните рецепти се оние кои ме освојуваат! Да се направи нешто вкусно, а да биде украс на трпезата. Таков е и овој рецепт за солените канапеи од леб! Подготовката ја снимив на видео и може да ја погледнеш во текстот. 

елка од сирење мала

Солена елка – крем салата со сирење од кујната на Марија Кочовска

„Празниците носат радост во домот и на трпезата! За овие празници ви предлагам брз и преубав рецепт за мезе – солена елка, празнична крем салата со сирење. Вкусот е фантастично добар, па мора да ја направиш за празниците!

солени корпици со фил

Солени корпици со крем салата – славски рецепт од Марија Кочовска

Екстра вкусни, декоративни и супер избор за куќни слави, имендени, дружење со семејството, пријателите… Да споделам што припремив за нашата куќна слава! Солени корпици, наполнети со крем салата. Корпиците без салатата може да се приготват претходно и да се замрзнат. 

брза посна салата со макарони мала

Брза посна салата со макарони и златна мешавина

Оваа брза посна салата ја правам за секоја посна славска трпеза или именден. Брза и превкусна, а се прави само со неколку состојки. Од наведените состојки ќе добиете една голема длабока чинија со салата, а по желба може да ги зголемиш состојките. 

Летна крем салата со брокула 321

Од кујната на Катерина Ш. Спасеновска: Летна крем салата со брокула

„Ако сте расположени за вкусна промена и свежина на менито во топлите денови имам нов совршено вкусен рецепт за летна крем салата со брокула, која ќе ве освои!“ – вели Катерина Шамбевска Спасеновска  уредник и фудблогер од нашиот тим. 

салата со нудли и зеленчук

Летна азиска салата со нудли, зеленчук и сусам

Шаренило од бои, фантастичен вкус и брз рецепт за салата која освојува! Што има подобро во топлите летни денови од чинија полна со зеленчук? – Овој пат ве водиме во азиската кујна и ви претставуваме летна салата со нудли, зеленчук и сусам. Веганска, посна и идеална за мали деца кои обожаваат нудли, а малку јадат зеленчук. 

Таратур со кашкавал 1

Од кујната на Катерина Ш. Спасеновска: Таратур со кашкавал 

„За помалку од 10 минути салатата ќе биде готова и послужена, а кујната средена! Штом имаш расположение за мала промена во секојдневието, пробај вака збогатен вкус на таратур со кашкавал!“ – вели Катерина Шамбевска Спасеновска  уредник и фудблогер од нашиот тим. 

Брза крем салата со јајца од 4 состојки 1

Од кујната на Катерина Ш. Спасеновска: Брза крем салата со јајца од 4 состојки

Ако деновиве се двоумите што да правите и како да ги искористите варените јајца имам супер едноставен и превкусен предлог! Пролетва се изнауживавме во најлесната и многу вкусна кремаста салата, па со радост ја споделувам со вас!  Не ви треба ништо специјално, мојата брза крем салата со јајца од 4 состојки ќе ве освои со едноставноста! – вели Катерина Шамбевска Спасеновска  уредник и фудблогер од нашиот тим.

Гурманска брза салата

,,Оваа не е обична салата, туку е баш гурманска! Одлично е што може да се јаде засебно или да се мези со ракија или вино или друг алкохолен пијалак по избор. Па, ако сакаш да доживееш ново вкусно искуство, ти препорачувам да ја пробаш. Ќе се увериш дека нешто вака невообичаено како мојата гурманска брза салата може да ти се допадне и да стане дел од твоето креативно мени!”  – срдечно споделува Катерина Шамбевска Спасеновска од нашиот тим.

прелив за салати

Здрав прелив за салати, приготвени зеленчуци и варени компири

Салатите, печените зеленчуци и варените компири се одлично решение доколку сакате да се храните здраво и диетално. Може да ги конзумирате во секое годишно време, како додаток во менито или пак како главен оброк. Тие се здрави и полни со нутриенти, а се многу повкусни кога се сервирани со прелив за салати, затоа што преливот го збогатува нивниот вкус.

Брза и лесна салата со компири и спанаќ

Додека пазарите изобилуваат со свеж спанаќ, искористете го моментот и направете ја оваа брза и лесна салата. Најчесто салатите се сметаат за диетална храна, затоа што содржат малку калории, а големи количини на вода и растителни влакна. Оваа салата со компири и спанаќ зачинета со ладно цедено масло од семки од тиква е одличен избор за сите кои сакаат да се хранат здраво и внимаваат на својата линија. Можете да ја послужите како гарнир со главното јадење или како засебен оборк.

5 идеи за лесни и здрави оброци за секого

Лесни и здрави оброци во движење? – Се разбира дека може! Заборавете ги грицките, брзата храна и другите нездрави намирници. Овие 5 идеи за оброци се одлични кога брзате некаде, за на училиште, на работа или ако едноставно сакате да се храните здраво.

Посна салата од компири и праз

Ви треба инспирација за посна салата? – Имаме супер идеја за едноставна, вкусна и посна салата од компири и праз која сигурно ќе ја обожавате! Лесно и брзо се подготвува, а вкусот е одличен. Збогатете го празничното мени со уште еден посен деликатес и декорирајте ја трпезата на уникатен начин. Уживајте во празниците и светот на вкусовите!