Шпагети во кремаст песто сос

Доживејте го вкусот на италијанската кујна во вашиот дом, пробајте ги овие шпагети во кремаст песто сос! Ви го преставуваме и рецептот за популарниот песто сос кој се прави од босилек, пињоли и пармезан.

Шпагети со павлака, сирење и корнишони

Знаете ли како ни дојде идејата за овие шпагети со павлака, сирење и корнишони? Ги сваривме шпагетите, а немавме многу време да приготвиме некој убав сос. На работната маса ја забележавме теглата со штотуку отворени  кисели краставички и идејата се роди. Знаеме дека салатите со макарони и корнишони се многу вкусни, па рековме, ајде ќе ја направиме оваа комбинација.

Пица од шпагети 1

Пица од шпагети

Сте јаделе ли досега пица од шпагети, колку едноставна идеја, но некој треба да се сети да ја направи нели? Имаме одличен рецепт за вас, препорачуваме да го пробате што поскоро.

Шпагети со бел сос 1

Шпагети со бел сос

Кога сакате да направите брзо јадење кое ќе биде вкусно за целото семејство, слободно изберете го овој одличен рецепт за шпагети со бел сос. Лесни се за подготовка и едноставни за сервирање.

Шпагети со сос од мелено месо и зеленчук 1

Шпагети со сос од мелено месо и зеленчук

Идејата за подготовка на шпагети со сос од мелено месо и зеленчук потекнува од холандската кујна, а ние инспирирани од нивниот начин на готвење сакавме да го пробаме овој рецепт во нашата кујна и секако со задоволство да го споделиме со вас.

Тестенини со болоњезе сос и грашок

Штом се спомне комбинација на мелено месо и сос веднаш пред очите се појавува асоцијација на превкусен оброк за тестенини со болоњезе сос. Толку сочен и богат вкус, рај за очите и за душата. Убави за да ги јадеме со семејството, пријателите, роднините, колегите, зашто нема кој не ги сака вака подготвените тестенини!

Шпагети со пармезан и лимон

Лесен рецепт за шпагети во сос од пармезан и лимон

Интересен рецепт за подготовка на шпагети во сос од пармезан и лимон кој нема да ви одземе многу време, а освен тоа и припремањето е многу лесно. Ако сакате да избегате од секојдневните вкусови на кои сите сме навикнале, ова е вистинскиот избор за вас!

Тестенини со туна и сос од зеленчук

Тестенини со туна и сос од зеленчук

Овој рецепт е вкусен доказ за совршеното совпаѓање на вкусови! Креирани за гурмани и уживатели на храна, овие тестенини со туна и одличен сос од зеленчук се специјалитет за вистинско уживање. По желба наздравете со чаша бело вино или сангрија со бело вино и препуштете се на вкусните сензации!

шпагети болоњезе

Шпагети со болоњезе сос

Болоњезе е познат италијански сос, кој се приготвува од мелено месо, а потекнува од Болоња, Италија. Традиционално овој сос се служи со таглиатели, но може да се послужи и со останатите тестенини како шпагети и макарони.

5 летни рецепти од #МедоГотви

Дури и во овој летен период ние се грижиме да се храните добро и квалитетно. Денеска ви предлагаме 5 рецепти од #МедоГотви со Промес кои совршено може да се вклопат во вашата кујна во овие топли денови. Погледнете што вкусно можете да си приготвите ова лето.

шпагети

Како да зготвите совршени шпагети?

Шпагетите се многу популарни, поради нивниот вкус и пристапната цена. Не одземаат многу време за подготовка, а се приготвуваат на различни начини во комбинација со сосови. Но, пред да го направите вашиот омилен рецепт за шпагети, треба да знаете како правилно се приготвуваат тестенини.