псилиум

Псилиум – верен сојузник во борба против вишокот килограми

Дали сте слушнале за псилиум? Тој всушност претставува лушпи кои се добиваат од индиски тегавец. Поседува многу лековити својства и е докажано дека е делотворен во лечењето на синдромот на иритабилно дебело црево, опстопација (запек), рак на дебело црево, улцерозен колитис и артериосклероза. Постојат мал милион причини зошто да почнете да користите псилиум во вашата исхрана.

4 грешки поради кои не можете да ослабите 1

4 грешки поради кои не можете да ослабите

Ви претставуваме кои се најчестите грешки поради кои не можете да ослабите! Ако имате проблем со телесната тежина и никако не можете да ги изгубите непосакуваните килограми, проверете, можеби ќе најдете некој корисен совет за себе.

ладен чај

Овошен ладен чај за детоксикација и слабеење

Ја креираме листата на нашите омилени ладни чаеви кои помагаат за детоксикација и слабеење! И овој пат во соработка со нашите пријатели од Slim Line Club креиравме нов рецепт. Инспирација ни беше добро познатиот Slim Line Tea кој го комбиниравме со црвено овошје, па така го добивме овој освежителен и овошен ладен чај.

9 совети за подобро варење на храната 1

9 совети за подобро варење на храната

Ретко кој може да се контролира безгранично долго и да внимава на исхраната бесконечно долго. Тоа е посебно тешка задача за време на празници, свечености, прослави, забави. Па, бидејќи има многу луѓе кои се соочуваат со тешко варење, во оваа прилика ви припремивме 9 совети за подобро варење на храната и подобар метаболизам.

Знаете ли дека додека уживате во пиењето кафе, може да го губите вишокот на килограми 1

Знаете ли дека додека уживате во пиењето кафе, може да го губите вишокот на килограми?

Уживајте во пиењето кафе, додека ги губите вишокот килограми. Дознајте како да постигнете и како да ја одржите идеалната тежина со овој омилен напиток. Во својот состав Slim Line кафето го содржи најдоброто Арабика кафе, така што во процесот на слабеење ќе го консумирате највкусното кафе. Многу купувачи и членови на Slim Line Club-от секојдневно конзумираат големи количини на различни видови на кафе, но само Slim Line кафето е одлична замена за сите видови на кафе доколку сакате да си помогнете во регулирањето на тежината на овој начин.

Чај од пченкарна свила за слабеење и детоксикација на организмот 1

Чај од пченкарна свила за слабеење и детоксикација на организмот

Свиленкастите долги нишки кои наликуваат на нежна и мазна коса, а се сместени на горнот дел од пченката се нарекуваат пченкарна свила која претставува природен лек. Не е тешко, но треба да се знае како дома можете да си подготвите чај од пченкарна свила кој помага за слабеење и за детоксикација на организмот. Прочитајте го целиот текст и дознајте многу нешта.

dieta so tikvicki

Диета со тиквички – ослабете и исчистете го организмот од токсините

Тиквичките се исклучително корисни за многу болести и подобрување на работата на гастроинтенстиналниот тракт, анемија, кардиоваскуларни болести, хипертензија и дебелина. Ако ја примените оваа диета со тиквички, без проблем ќе може да намалите 4 до 6 килограми за еден месец. А ако се придржавте една недела, би требало да намалите 2 до 3 килограми.

зачини за подобро здравје

6 зачини за подобро здравје и повкусни јадења

Додавањето на зачини во здравите оброци може да го забрза и поттикне согорувањето на калориите, а со тоа ќе бидете чекор поблиску до посакуваната фигура. Малата количина на цимет или пипер ќе го подобри вкусот на јадењето, а освен тоа може да ви биде сојузник во борбата со вишокот на килограми. Иако се многу здрави, сепак не треба да се претерува со премногу зачинетите јадења. Во продолжение прочитајте кои 6 зачини за подобро здравје ги препорачуваат нутриционистите.

Факти и совети за полесно губење на масните наслаги 1

Факти и совети за полесно губење на масните наслаги, а не само губење на килограми

Постои огромна разлика помеѓу намалување на килограмите и елиминирање на масните наслаги. Има некои нешта кои е важно да ги знаеме за побрзо да стигнеме до обликувано и витко тело. Тоа подразбира, зачувување на мускулите и нивно оформување, а при тоа постигнување на губење на масните наслаги кои се вистинката пречка во расположението и изгледот.

Најчести грешки поради кои не губиме килограми

Дали држењето на диета ви изгледа тешко? Сметате ли дека правите се што треба, а килограмите не се намалуваат? Сите сме поминале низ оваа фаза, но не се грижете, имаме решение и за тоа. Можеби ви изгледа дека правите се како што треба, но размислете уште еднаш. Ви ги претставуваме најчестите грешки кои ги правиме за време на држењето на диети, поради кои не губиме килограми.

Заменете ги калоричните намирници со понискокалорични 1

Заменете ги калоричните намирници со понискокалорични и полесно сварливи, а подеднакво вкусни

Ако сакате да ослабнете, нема потреба да се изгладнувате, туку доволно е само да го корегирате менито. Она што е важно да знаете, е дека тоа треба да биде на долг рок и дека промените не се можни „преку ноќ“. Откријте како е тоа можно на добар начин, без да му штетите на здравјето. Заменете ги калоричните намирници со понискокалорични, а подеднакво вкусни!

Ладен чај за забрзување на метаболизмот и слабеење 1

Ладен чај за забрзување на метаболизмот и слабеење

Летото е идеално за ладен чај кој освен што ќе ве освежи, ќе ви помогне за забрзување на метаболизмот и намалување на вишокот на килограми. Токму така, во соработка со нашите пријатели од  Slim Line Club креиравме рецепт за ладен чај за забрзување на метаболизмот и слабеење.

масти кои помагаат во губењето на килограми

7 здрави масти кои помагаат во губењето на килограми

Штом станува збор за слабеење, нашите пријатели од Slim Line Club се секогаш тука за да ни дадат дополнителни совети. На нивниот блог ја пронајдовме оваа интересна и корисна содржина за здравите масти кои помагаат во губењето на килограми, па ја споделуваме со сите.

5 карактеристики на емоционалниот глад 1

5 карактеристики на емоционалниот глад: Дали сте навистина гладни или јадете од што ви е досадно?

Гладот не мора секогаш да значи дека сме гладни, понекогаш тоа може да има многу подлабоки причини. На сите ни се случува понекогаш, по ручекот да продолжиме да се прејадуваме и да изедеме големо пакетче чипс или цела чоколада, но ако тоа се случува често, ќе дојде до неможност за слабеење, дури и до покачување на килограмите без да забележиме.

4 начини на кои Гарсинија Камбоџа помага за намалување на вишокот на килограми

Гарсинија Камбоџа е овошје кое наликува на мала тиква, а расте насекаде на светот, особено на Азискиот и Афричкиот континент. Луѓето со векови наназад користеле Гарсинија Камбоџа, а во последните години ја добила нејзината популарност како помошно средство за слабеење, кое е  лесно достапно во вид на екстракт.