Сакаш оброк за 30 минути и спремен за сервирање?! – Еве рецепт за тебе. Посен, лесен и неверојатно вкусен оброк од киноа со зеленчук и печурки!
Брзи печени ражничи со зеленчук и помфрит
Расположението деновиве е на највисоко ниво и ви припремивме нешто супер брзо, а многу вкусно! Може да си направите за дома или да поканите гости, ќе си поминете супер! Па, кој е за брзи печени ражничи со зеленчук и помфрит?! – прашуваат Катерина Шамбевска Спасеновска и Марија Кочовска од нашиот тим.
Пилешко филе со ориз и зеленчук во светски популарниот Буда стил
Уште на прв поглед и прв залак ќе се заљубите! Шаренило од бои и интересна комбинација на состојки кои ветуваат гурманско доживување. За сите љубители на егзотични вкусови имаме одличен рецепт! Првата можна прилика пробајте го вака стокменото јадење – пилешко филе со ориз и зеленчук во светски популарниот Буда стил ќе го обожаваат и децата и возрасните!
Брза есенска тава – гриловани колбаси со зеленчук
Рататуј во пекач – сезонски, на мој начин
Палачинки со хељда и зеленчук
Има ли некој што не сака палачинки? – Сигурни сме дека сите ги обожаваат и ги прават во разни варијанти и комбинации, и тоа не само за десерт, туку и за појадок или вечера. А во оваа прилика ви откриваме одличен рецепт за подготовка на палачинки со хељда и зеленчук од нашата пријателка Валентина. Одлични за сите генерации!
Лесен рецепт за рижото со пилешко месо и грашок
Кремасто, ароматично и превкусно! Тоа е она што го прави италијанското рижото омилено јадење на многумина. Скоро секој италијански град има свој традиционален рецепт за подготовка на овој специјалитет. Може да се направи со зеленчук, печурки и разни зачини, а ние ви предлагаме да пробате рижото со пилешко месо и грашок. Нема да ви одземе многу време, а сигурни сме дека ќе им се допадне на сите!
Свински ражничи со печурки и зеленчук
Сте печеле ли замрзнат зеленчук досега? – Имаме супер брз рецепт и неколку совети!
Сте печеле ли замрзнат зеленчук досега? Сигурни сме дека сте пробале или дека ќе сакате да пробате многу лесен и едноставен начин. Печењето на замрзнат зеленчук дава вкус што не можете да го добиете со готвење на пареа, а најголема предност е тоа што нема лупење, миење и сечкање на зеленчукот. Па, следниот пат кога ќе ви треба брза идеја за гарнир, не двоумете се да ја пробате ваквата опција!
Домашна чорба со пилешко месо и зеленчук
Кои се придобивките од замрзнатиот зеленчук?
Замрзнатите зеленчуци се одлична замена за свежите! Имаат пониска цена, полесни се за подготовка, имаат подолг рок на траење и се достапни во текот на целата година. Често ги користиме за подготовка на различни јадења, а тоа нѐ мотивира да направиме мало истражување на оваа тема. А дали знаете дека некои замрзнати зеленчуци имаат подобар хранлив состав во споредба со свежите? Ајде да разгледаме што велат студиите!
6 намирници кои треба да ги консумирате пред тренинг
Храната пред тренинг треба да го подготви вашето тело за напорната физичка активност. Конкретно, потребна ви е храна која ќе ви ги наполни „батериите” за да го издржите напорот. Тоа значи дека не смеете да консумирате намирници кои го оптоваруваат телото и предизвикуваат проблеми со варењето. Ви издвојуваме 6 намирници кои треба да ги консумирате пред тренинг за да постигнете подобри фитнес резултати.
Пита од тиквички
Сочни печени ражничи од свинско месо и зеленчук
11 едноставни чекори до силен имунитет
Со доаѓањето на пролетта и нормалната промена на времето, на телото му треба ново прилагодување. При преминот од едно во друго годишно време, она што најмногу треба да внимаваме е здравјето. Бидејќи во овој период настанува голема температурна промена која влијае на организмот, потребно е да се преземат чекори до силен имунитет.