компир

Употребете компир на 8 несекојдневни начини

Прочитајте како може да употребите компир и да се справите со многу неочекувани ситуации. Ослободете се од р’ѓа, ублажете болка, отстранете болка, разубавете ја кожата на вашето лице. 

Кога станува збор за готвење, мал број од зеленчуците можат да се употребуваат на повеќе начини, како што тоа го може компирот. Компирите може да ги употребувате приготвени во манџа, печени или да направите пире. Како и да се подготвени тие секогаш се многу вкусни, но нивната намена не е само за во кујната.

Еве осум други начини за што можете да ги искористите предностите на компирите.

1. Отстранете ја р’ѓата со компир

Исечете го компирот на половина и мачкајте на р’ѓосаната површина. Киселината од компирот ќе ја отстрани р’ѓата без напорно триење со абразивни средства.

2. Извадете ја скршената сијалица

Исклучете го дотокот на струја домот, а потоа компирот притиснете го во грлото на фасонката каде што се скршила сијалицата. Потоа полека завртете во ист правец и на ист начин како што нормално би ја одвртувале сијалицата.

3. Компир на изгорено место ублажува болка

Компирот има антибактериски својства со што помага за смирување на помали изгореници, а притоа ја ублажува болката. Исечете го на половина и ставете го на болното место. Исто така, можете да го изрендате и да го измешате со малку вода и така да го употребувате како маст.

компир

4. Ги отстранува дамките од бобинкастото овошје

Ако после јадење или чистењето на ова овошје ви остануваат дамки на рацете, тогаш истријте ги местата со компири, а потоа исплакнете со топла вода.

5. Од компир направете печати за деца

Исечете ги компирите на половина, а во нив направете некоја форма, на пример: срце, коцка, триаголник и слично. Добиениот облик натопете го со темперни бои и притиснете го на хартија. Покажете им ја постапката на вашите најмлади и најмили, а со тоа подгответе ги и тие станат мали уметници.

6. Исчистете ги сребрените предмети

Водата во која сте ставиле да се варат компири искористете ја за чистење на сребрени предмети.

7. Компирот како средство за разубавување

Тој е одличен за намалување на брчки, пеги и темни кругови на лицето. Направете маска со пире од компири во која ќе додадете малку сок од лимон. Нанесете ја  на лицето и оставете да делува дваесет минути. Оваа маска ќе ја ревитализира и подмлади кожата.

8. Со компир спасете ја пресолената супа

Премногу сте ја посолиле супата, па сега не знаете што да правите, не можете да се сетите на друго решение освен да направите нова? Не грижете се, сега има решение и за тоа. Во тенџерето со супата  додадете неколку парчиња компири и по околу десет минути извадете ги. Компирите ќе си ја завршат својата задача, односно ќе го извлечат вишокот на сол од јадењето.

Сподели: