солени мафини со спанаќ 1

Солени мафини со спанаќ, сирење и кашкавал

Обожаваме солени мафини, па секогаш ни е добредојден нов рецепт и убава дегустација со најблиските и семејството. Овој пат, инспирација ни беа млечните производи, па рековме да искористиме некои од нив и да приготвиме солени мафини. Така се роди идејата за рецептот за солени мафини со спанаќ, сирење и кашкавал!

Она што најмногу ни се допадна е тоа што подготовката на мафините е едноставна, а се прават многу брзо. Нема потреба од матење со миксер, а само за 10-тина минути може да ги ставите да се печат. Може да ги послужете ги со чаша јогурт за појадок или пак како мезе.

солени мафини со спанаќ 2

Состојки:

  • ¾ чаша млеко
  • 45 грама путер
  • 2 лажици јогурт
  • 1 ¼ чаша брашно
  • прстофат сол
  • ¼ мала лажичка сода бикарбона
  • 1 ½ лажичка прашок за печиво
  • ¼ мала лажичка мелен црн пипер
  • ½ чаша фета сирење
  • 2 лажици рендан овчи кашкавал
  • 1 до 1 ¼ чаша ситно сечкан спанаќ.

Подготовка:

  1. Рерната вклучете ја да се загрева на температура од 180 степени.
  2. Во длабок сад ставете ги брашното, солта, црниот пипер, прашокот за печиво и содата бикарбона. Измешајте ги добро за да се соединат.
  3. Во сад за месење ставете ги сечканиот спанаќ, дробеното Фетина сирење и ренданиот овчи кашкавал. Измешајте ги со лажица.
  4. Калапот за мафини намрсете го или пак поставете хартиени корпи.
  5. Во садот со спанаќот додајте ја сместа со брашното и повторно измешајте убаво.
  6. Путерот ставете го во тенџере на оган на ниска температура. Штом путерот се растопи, тенџерето тргнете го од огнот. Не е потребно путерот да зоврие.
  7. Во тенџерето со путерот додајте ги млекото и јогуртот. Измешајте убаво со жица за матење.
  8. Во садот за месење додајте ја смесата со путерот и млекото. Измешајте и распоредете ја смесата во калап за мафини.
  9. Ставете ги да се печат во загреаната рерна на 180 степени за време од 20 минути. Исто така, дали мафините се печени може да проверите со помош на чепкалка. Пред крајот на печењето, по желба, врз мафините може да ставите рендан кашкавал.
  10. Печените солени мафини со спанаќ и кашкавал оставете ги да се изладат, а потоа послужете ги. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Здраво пикник лепче со спанаќ и јогурт.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: