Ако ви се каснува нешто слатко и сакате да си направите сами дома за да биде без разни додатоци кои ги има во купените производи, благата посна векна е многу добар избор. Афионот и дава уникатност и е карактеристичен за неа, а одлично е што можете да ја комбинирате со утринско кафе, да им ја сервирате на своите деца или да ја понесете како вкусна ужинка за себе на работа.

Состојки:
За тесто:
- 300 гр брашно
- 1/4 коцка свеж квасец
- 5 лажици шеќер
- 5 лажици масло
- 2 лажици афион
- околу 150 мл топла вода.
За премачкување:
- 1 лажица шеќер
- 1,5 лажица вода.
Подготовка:
- Во длабок сад ставете ги брашното, квасецот, шеќерот, маслото, афионот и топлата вода, па од нив замесете средно меко и нелепливо тесто.
- Тестото покријте го со крпа и оставете да нарасне.
- Откако ќе стаса премесете го и ставете го во калап за векна, па оставете малку за повторно да нарасне.
- Благата посна векна печете ја на 200 степени за време од 15 минути, па намалете ја температурата на 180 степени и печете уште 10-15 минути. Кога ќе ја намалите температурата векната покријте ја со алуминиумска фолија за да не изгори од горе.
- Во меѓувреме подгответе го шербетот за премачкување. Во сад на оган ставете ги шеќерот и водата кратко да вријат, па со него премачкајте ја штотуку испечената посна векна.
На здравје!
Рецептот го испратил: Катерина Милошеска Глигоровска.
Препорачуваме да прочитате и Посна чоколадна торта без масло.