5 идеи за оброци за фит тело оваа есен 1

Вежбањето е еликсир на младоста! – 5 идеи за оброци за фит тело оваа есен!

Есента е супер сезона за враќање во форма! Топлото време полека си заминува и сите некако се враќаме во баланс. Физичката активност е неопходна алка за нормално и здраво функционирање на телото, а кога е надополнета со супер оброци полни со енергија и хранливи состојки, неизбежно е да се постигнат добри резултати и фит тело!

Кој што почнал да вежба, знае дека тоа е слатка добра навика која на телото му недостасува ако прекинеме со неа. Носи здравје и добросостојба! Енергијата и флексибилноста, острината на умот, подвижноста и голем број работни и разни успеси, сите тие се должат на вежбањето. Но, дали вежбањето би помогнало ако не внимаваме и што внесуваме со оброците? – Тврдиме дека не. Па, еве неколку корисни идеи и предлог оброци за фит тело оваа есен. Natura ни е секогаш тука за фит инспирација и здрав живот, палетата е широка и одлична за секој ден. Еве што ние најчесто практикуваме од неа.

Различни идеи за брзи, лесни и вкусни закуски

Лесен оброк или закуска е секогаш добра идеја пред вежбање, а посебно ако практикувате да вежбате наутро. Направете си неколку комбинации. На пример:

Оризови галети намачкани со путер од кикири за двојни придобивки

Оризовите галети на Natura  се лесен оброк кој има мал број на калории, а добро заситува. Најчесто се консумираат како замена за леб. Не содржат глутен, а може да се најдат во неколку различни вкусови, во комбинација со лен, сончоглед, пуканки или сусам, што уште повеќе ја зголемува нивната хранлива вредност. Богати се со растителни влакна и лесно сварливи. Намачкајте ги со путер од кикири и уживајте во двојни придобивки, затоа што тој е богат со растителни протеини.

5 идеи за оброци за фит тело оваа есен 2

Сечкано овошје во комбинација со мусли Натурал протеин

Во чинија со млеко или во вид на смути направено во блендер, Натура мусли Натурал протеин делува како инстант енергетска „бомба“. Ќе ви овозможи идеално избалансиран оброк и енергија која е потребна после напорниот тренинг.

5 идеи за оброци за фит тело оваа есен 3

Овошна или зеленчукова салата со микс од 4 здрави семиња

Надробете од омиленото овошје или зеленчук и посипете го со миксот од 4 семиња на Natura како најлесна и најбрза варијанта. Со набавување на пакувањето ќе се обезбедите со ленено семе, сусам, семки од тиква и сончоглед. Добро ќе се заситите и ќе имате енергија подолго во денот.

5 идеи за оброци за фит тело оваа есен 4

Овесни, јачменови и пченични снегулки се секогаш добра и лесна идеја за оброк

Вкусни се, даваат енергија и не одземаат многу  време за подготовка, па годат на сите, а посебно на многу зафатените вежбачи. При изборот важно е да бидат природни, затоа секогаш ги избираме од Natura. Одлично е што се богат извор на растителни влакна и протеини, а имаат ниска содржина на масти. Ги има во практични пакувања од 300 грама и тоа:

Овесни снегулки

5 идеи за оброци за фит тело оваа есен 5

Јачменови снегулки

5 идеи за оброци за фит тело оваа есен 6

Пченични снегулки

5 идеи за оброци за фит тело оваа есен 7

Неколку дополнителни корисни совети од нас

  • Не заборавајте да останете хидрирани. Пијте доволно вода, а посебно меѓу оброците и за време на физичката активност.
  • Пред вежбање загревајте се, тоа е клучно за заштита од повреди.
  • Не вежбајте секој ден, или не повеќе од 3 дена со ред, затоа што на мускулите им е потребно време да се регенерираат. А, ако не знаете доволно побарајте совет од тренер, секогаш годи.
  • Не дозволувајте годините да ви бидат пречка. Физичката активност е еден од предусловите за добро здравје на денешницата.
  • Ако немате време за фитнес клуб, пилатес или аеробик, едноставно пешачење, возете точак или вежбајте дома. Важно не застанувајте.

За крај, запомнете го нашето начело „Постојаност наспроти интензитет!“ и телото ќе ви биде благодарно. Со други зборови, вежбајте колку што можете и кога можете, а при тоа трудете се да одржите ритам. Среќно!

Ви препорачуваме да прочитате: 6 грицки и ужинки за совршен ден.

Сподели: