Вкусната и здрава брокула е моќен борец против рак

Привлечната брокула се смета за вистинска ризница од витамини и хранливи материи. Нејзиниот совршен и софистициран изглед ги плени нашите сетила, одмор за очите и празник за усните. Силно се препорачува во превенција и заштита од канцер, како и при разни нискокалорични и диетални режими на исхрана. 

Брокулата е зеленчук кој припаѓа на фамилијата на зелки, кељ и карфиол, а благодарение на хранливиот состав се препорачува во секоја исхрана при зголемена телесна тежина и рестрикциони диети при канцер. Интересно е да се спомне дека зготвената брокула има повисока нутритивна искористливост од свежата брокула, па затоа препорачливо е брокулата да се користи во исхраната како додаток во вашите омилени каши и сосови, а одлично се вкопува и во комбинација со тестенини.

Високата нутритивна вредност се должи на големата застапеност на антиканцерогени материи, односно антиоксиданси кои претставуваат моќен борец со слободните радикали, кои се главните причинители на сите малигни пореметувања кои настануваат во клетката.

По хемиски состав брокулата е богата со калциум, железо, магнезиум и значајни количини сулфур, кои и даваат карактеристичниот мирис кој доаѓа до израз при готвење. Од групата на Б витамин, најмногу содржи Б9. Карактеристично е тоа дека содржи иста количина на витамин Ц како јужното овошје и пиперките. Изобилува со растителни влакна кои имаат важна улога во правилна работа на дигестивниот систем. Доста ефикасна е во лекувањето и третманот на лечење на инфекциите предизвикани од бактеријата Хеликобактер пилори (Helicobacter pylori) при што ги намалува тегобите и го скратува траењето на третманот.

брокула

Нутриционистите преорачуваат брокулата да биде дел од исхраната на секој кој сака да се заштити од слободни радикали кои се создаваат секојдневно во организмот при сите нормални процеси. Најновите медицински испитувања покажале дека брокулата ја намалува можноста за појава на рак дури за 50% кај личности кои имаат повискои предиспозиции за малигни заболувања.

Меѓутоа брокулата има и многу други лековите својства: ги ублажува кардиоваскуларните болести и ја подобрува еластичноста на крвните садови. Исто така се покажала моќна во спречување на појавата на далекувидоста, а доста ефикасна во лекувањето на катаракта и коњуктивит. Поради високата содржина на витамин Ц брокулата игра важна улога во потикнувањето на имуниот систем на телото и борбата со повеќето вируни инфекции. Особено полезна е во лекувањето на грип и настинка, со што го намлува нејзинот траење и самиот процес на лечење.

Брокулата препорачливо е да се користи во исхраната при различни состојби како:

Ви предлагаме да прочитате: Прокељ – моќен природен борец против ракот.

Сподели: