Топло, крцкаво и вкусно за секој член од семејството, а плус тоа и супер лесна за подготовка! Нормално, станува збор за превкусната гибаница! Од само неколку состојки се добива фантастичен вкус кој освојува.
Овој рецепт е спој на традиционалното и модерното, прочитајте го и направете го. Радост е за душата! А, доколку сте обожавател на брзи јадења со кори, треба да го погледнете и рецептот за пита со готови кори и сирење.
Состојки:
- 500 гр кори за пита
- 250 гр рикота или изварка
- 50 мл масло
- 50 мл газирана вода
- 2-3 чешниња лук
- 3 јајца
- сол по потреба.
За попрскување:
- масло по потреба
- газирана вода по потреба.
Подготовка:
- Јајцата скршете ги и одделете ги белките од жолчките.
- Белките изматете ги со миксер, а потоа додајте ги жолчките и маслото.
- Откако смесата ќе се соедини исклучете го миксерот и додајте ја рикотата во која претходно сте го додале исечканото лукче.
- Измешајте убаво со жица и додајте ја газираната вода.
- Потоа промешајте уште еднаш и посолете по вкус.
- Садот за печење попрскајте го со масло, па ставете 4 кори и попрскајте ги сите со масло.
- Во садот со фил потопувајте ги згужваните кори и редете ги во садот за печење.
- Филот што ќе ви остане нанесете го врз корите.
- Врз филот ставете 3 кори и секоја попрскајте ја со масло.
- Последната кора попрскајте ја и со малку газирана вода.
- Печете на 200 степени, за време од околу 30 минути.
Готовата гибаница послужете ја топла со чаша јогурт и уживајте во вкусот!
Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.
Ви препорачуваме да прочитате: Ролан бурек со готови кори.