Готвиме со Катерина Ш. Спасеновска: 3 лесни рецепти со зелје

Некаде се нарекува зелје, а некаде штавеј. Како и да е, ливадите изобилуваат со оваа вкусна зелена храна. Излезете и наберете си. А ако не сакате сами да берете, побарајте ги во најблискиот пазар. Пазарџиите кои се љубители на природата, ги берат и ги сервираат овие уживања до нас. Искористете ја сезоната и направете разни вкусни јадења. Катерина Шамбевска Спасеновска од нашиот тим е голем љубител на храна од природата, па побаравме во нашата архива и ви оздвојуваме неколку рецепти со зелје од нејзината кујна. Пробајте ги и пишете ни во групата на Сѐ за храна како ви се допаднаа.

А ако сакате да дознаете повеќе за штавејот, Катерина малку истражуваше на темата, па може да прочитате тука: Штавеј – зелјест зеленчук кој лекува.

3 лесни рецепти со зелје

Брза пита со штавеј, јајца и сирење

Ако сакате да јадете нешто здраво и вкусно со многу протеини и витамини, пробајте го нашиот најнов сезонски специјалитет, пита со штавеј, јајца и сирење. Се подготвува брзо, лесно и едноставно, а ќе им се допадне на сите.

Состојки:

  • штавеј
  • јајца
  • сирење
  • масло
  • сол.

Подготовката на брзата пита со штавеј прочитајте ја тука.

Солен куглоф со зелје и семиња

Ви предлагаме солен куглоф со зелје и семиња, со нежен вкус и прилагоден на сите генерации, а составот е без глутен што е одлична вест за многумина. Подготовката не може да биде поедноставна , без миксер, брза и лесна!

Состојки:

За куглоф:

  • 3 средно големи јајца
  • 100 грама бело сирење (младо или фета)
  • 250 мл јогурт
  • 75 грама чистено зелје
  • 2 лажици маслиново масло
  • 3/4 чаша пченкарно брашно
  • 1 ќесичка прашок за печиво
  • 1/2 лажичка сол или прстофат сол по вкус
  • 1 лажичка чиа семе
  • 2 лажици лупен сончоглед
  • 1 лажица семки од тиква.

За печење и декорација:

  • путер за премачкување на калапот по потреба
  • 1 лажичка чиа семе
  • 1 лажица сончоглед
  • 1 лажица интегрален сусам
  • 1 лажичка ленено семе
  • 1 лажица семки од тиква.

Подготовката на куглофот прочитајте ја тука.

Домашни интегрални грицки

Овие солени залчиња ќе ви овозможат вкусна закуска каде и да сте кога и што ќе посакате. Ние ќе ви дадеме идеја, а вие по желба можете да додавате или заменувате состојки, соодветно на вашиот вкус и креативноста во кујната.

Состојки:

  • 1 шолја овесни снегулки
  • 2-3 грста штавеј, спанаќ, блитва или друг зеленчук по желба
  • 1/2 до 1 лажица сол (по вкус)
  • 100-150 гр сирење (по желба)
  • 50 гр лупен сончоглед
  • 2-3 лажици ленено семе
  • 1 јајце
  • 100 гр сусам
  • 1/2 ќесичка ким
  • 100 г трици
  • 1/2 филџан брашно (може да користите бело доколку немате интегрално)
  • 1/2 филџан масло
  • 300 мл пиво.

Подготовката на интегралните грицки прочитајте ја тука.

Препорака од авторот:

Ако ви се допаднаа рецептите, разгледајте ги моите профили каде објавувам испробани рецепти креирани во мојата кујна и заследете ме:

Автор на рецептите: Катерина Шамбевска Спасеновска@katerina.shambevska.

Ви препорачуваме да прочитате: Солени мафини со спанаќ и сирење.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: