домашен зачин за кременадли

Домашен зачин за кременадли

Тајната на секое вкусно јадење се крие во зачините кои се користат при подготовката. Со тоа ќе се сложат и најдобрите готвачи во светот. А дали купувате готови зачини за месо? Сте помислиле ли дека може да направите домашен зачин за кременадли? – Ви откриваме супер рецепт за зачин кој може да го користите и до 6 месеци!

Направете мешавина од едноставни состојки и уживајте во фантастичниот вкус на домашно печени кременадли!

домашен зачин за кременадли

Состојки:

  • 2 лажици димена црвена пипер
  • 1 лажица сол
  • 1 лажица црн пипер
  • 1 лажица кафеав шеќер
  • 1 лажичка лук во прав
  • 1 лажичка кромид во прав
  • ½ лажичка мелено семе од синап
  • ½ лажичка каенска пипер.

Подготовка:

  1. Сите состојки ставете ги во сад и убаво измешајте со жица за матење или виљушка.
  2. Приготвениот зачин за кременадли ставете го во затворен стаклен сад, а уште подобро чувајте го на темно и ладно ако имате можност. Најдобро е да го искористите до 6 месеци од подготовката.

Сoвети плус:

  • Месото зачинете го непосредно пред подготвувањето.
  • Без оглед дали ќе го печете или пржите, препорачуваме месото да ги приготвите на пониска температура. Во зачинот има малку шеќер, тоа помага да се добие карамелизиран слој. Ако го приготвувате месото на висока темепратура можно е шеќерот да изгори и да не добиете месо со најдобар вкус.
  • Последно, а можеби и најважно! Освен добар зачин, за подготовката важно е да користите и свежи кременадли. Свежо месо со врвен квалитет од домашно производство може да најдете во месарниците на Агриа во Велес, Битола и Штип или да го побарајте ги нивните производи во Тинекс и Рамстор маркетите. Ние долги години сме задоволни корисници, па затоа и ги препорачуваме. За сите новости посетете ја веб страницата на Агриа и следете ги на нивната фан страница на Facebook.

Ви препорачуваме да прочитате: Печени свински кременадли со кашкавал.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: