Домашен мармалад од мандарини

Домашен мармалад од мандарини

Ако сакате мала доза на превкусно освежување за време на појадокот, еве ви една идеја. Направете си домашен мармалад од мандарини и уживајте!

Рецептот е испробан и ни доаѓа од кујната на Лидија, топло препорачуваме да го пробате.

Домашен мармалад од мандарини 2

Состојки:

  • 500 гр мандарини
  • 100 мл вода
  • сок од 1 лимон
  • 400 гр шеќер.

Подготовка:

  1. Една од мандарините се мие убаво и се на тенки парчиња со се лушпата.
  2. Останатите мандарини се лупат и се сечат на тенки парчиња.
  3. Во сад на оган се ставаат претходно припремените мандарини, сокот од лимонот, водата и шеќерот.
  4. Штом течноста зоврие температурата се намалува. Мармаладот се остава да се вари на средна температура околу 20-30 минути.
  5. Се складира во чиста и сува тегла и откако ќе се излади се става во фрижидер.

Рецептот го испратил: Лидија Јошевска, slatkitajni.com.

Ви препорачуваме да прочитате: Домашен мармалад од дуњи.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: