Домашен млечен сладолед 1

Домашен млечен сладолед

Во летните жешки денови сите бараме спас во еден од најпопуларните ладни десерти – сладоледот. Овој десерт го обожават сите, од најмали до најстари, па не е ни чудно што постојат толку многу негови варијации. Затоа денес споделуваме со вас една супер идеја за подготовка на домашен млечен сладолед во облик на срце.

Оваа интересна идеја ја најдовме на блогот на нашата креативна пријателка Лидија. Нас ни изгледа мошне слатко и симпатично, па решивме да ја споделиме со вас. По желба, за изработка на овој сладолед може да користите калапи и во други форми или пак пластичен сад со капак. Крајниот резултат секако ќе биде совршен и неодоливо сладок.

Домашен млечен сладолед 2

Состојки:

  • 500 мл слатка павлака
  • 2 јајца
  • 60 г шеќер во прав
  • 1 лажичка ванилин шеќер
  • за вкус додадете шумско овошје, мармалад, чоколадо, лешници, кокос, по желба.

Подготовка:

  1. Во длабок сад додајте ја слатката павлака и со помош на миксер изматете ја во цврста пена.
  2. Потоа, во друг сад изматете ги јајцата и ванилиниот шеќер.
  3. Во садот со јајцата, додајте по ваша желба шумско овошје, чоколадо или пак јаткасти плодови.
  4. Смесите од јајца и слатка павлака, соединете ги во една, така што нежно ќе ги измешате со силиконска лажица.
  5. Вака подготвената смеса турете ја во пластична кутија со капак или во калапи за сладолед.
  6. Готовиот сладолед ставете го во замрзнувач за убаво да се стегне. Најдобро е да се лади најмалку 4 часа пред служење. На здравје.

Рецептот го испратил: Лидија Јошевска, slatkitajni.com.

Ви препорачуваме да прочитате: Домашен карамел сладолед.

Сподели: