Хранлив, посен и богат со протеини! Хумусот е традиционално јадење од Блискиот Исток, во кое главна состојка е наутот, а најчесто се служи во вид на традиционално припремени фалафел ќофтиња. Има специфичен, богат вкус, мазна текстура и е еден од најздравите намази. Се приготвува многу брзо, а може да се складира во фрижидер со денови, па кога и да сакате здраво мезе или лесен оброк, ќе ви биде на дофат. Тостирате лепчиња, сечкате домати и заедно со веќе готовиот домашен хумус, добивате брз и здрав оброк.
Традиционално, хумусот се подготвува со наут, лимонов сок, таан, маслиново масло и лук. Нашиот рецепт за домашен намаз се прави без таан и е збогатен со ладно цедено масло од сусам од нашите пријатели Фила.

Состојки:
- 450 г наут (1 конзерва)
- 3 лажици ладно цедено масло од сусам од Фила
- 2 лажици сок од лимон
- 2-3 лажици маслиново масло
- 2 чешниња ситно сечкан лук
- 1/2 лажичка кимион (или мелен ким во замена)
- сол и црн пипер по вкус
- 2 лажици топла вода или по потреба.
Подготовка:
- Наутот извадете го од конзервата и исцедете го.
- Во блендер или во сечко ставете ги сите состојки и блендирајте, додека добиете мазна и кремаста смеса.
- Ако смесата е премногу густа, додајте уште 1 лажица вода, и повторно изблендирајте за состојките да се изедначат.
- Добиениот намаз сервирајте го во чинии по желба и прелијте го со малку маслиново масло. Декорирајте и послужете. На здравје!

Како се добива и за што е корисно ладно цеденото масло од сусам?
Маслото од сусам е растително масло кое се добива со пресување на сусамовото семе при што се добива светло- жолто масло, богато со здрави, незаситени масни киселини вклучувајќи ги и линолова, палмитинска, олеинска и стеаринска киселина. Ладно цеденото масло од сусам е богато со витамини (А, Б и Е), калциум, магнезиум, бакар, растителни влакна и протеини. Одлично е за сите вегетаријанци, како и за оние кои сакаат да се хранат здраво и да го намалат вишокот килограми, па ако уште не сте пробале, топло ви препорачуваме да го пробате. А, ако сакате да си набавите, ладно цеденото масло од сусам е достапно и може да го набавите од поголемите и подобро снабдени маркети или да го нарачате од онлајн продавницата на нашите пријатели Фила.

Сусамовото масло се користи и како лековито масло илјадници години наназад, па ви препорачуваме да прочитате: Употреба на ладно цеденото сусамово масло како лек и 10 негови здравствени придобивки.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Рецептот е поддржан од Фила.