Домашен посен пудинг од ванила 1

Домашен посен пудинг од ванила

Неважно дали е во време на пости или едноставно сте уживатели во посните рецепти, ова слатко кремасто уживање би ви годело и тоа многу! Рецептов за овој вкусен домашен посен пудинг од ванила  ни доаѓа од кујната на нашата драга пријателка Лидија и е испробано добар!

Таа ни кажа дека го обожава, а искрено и ние. Па пробајте го и на здравје!

Може да ве интересира: Посен чоколаден намаз со путер од кикиритки за 5 минути.

Состојки:

  • 500 мл вода
  • 2 лажици густин
  • 50 гр маргарин
  • 2 лажици шеќер
  • 2-3 лажички ванилин шеќер.

Подготовка:

  1. Најпрво во сад на оган растопете го маргаринот.
  2. Во одделен сад ставете ги водата, шеќерот и густинот. При тоа, треба да внимавате цело време температурата да биде ниска и постојано да мешате додека смесата се згусти.
  3. Тргнете го садот од огнот и потоа додајте го претходно растопениот маргарин. Измешајте убаво и оставете да се излади. Откако пудингот е малку разладен, додајте го ванилиниот шеќер и измешајте. Домашниот посен пудинг е готов и може да уживате во него!

Рецептот го испратил: Лидија Јошевска, slatkitajni.com.

Ви препорачуваме да прочитате: Здрав посен пудинг со праски и чиа.

Сподели: