Домашен сникерс сладолед со банана 1

Домашен сникерс сладолед со банана

Има ли посладок начин за разладување од вкусен домашен сникерс сладолед во кој може да уживате без грижа на совест? Сега повеќе не мора да одите во слаткарница за да уживате во вашиот омилен сникерс сладолед, зашто може да го направите и дома!

Благодарение на Лидија имаме баш таков рецепт за сникерс сладолед со банана кој покрај тоа што е превкусен e и здрав. Вкусниот спој на банана и кикиритки прелиени со темно чоколадо претставува совршена комбинација на која никој не може да остане рамнодушен. Благодарение на овој рецепт многу брзо и лесно ќе си направите здрава замена за овој популарен десерт.

Домашен сникерс сладолед со банана 2

Состојки:

  • 2-3 банани
  • 100 г урми
  • 100 мл топла вода
  • 2 лажички путер од кикиритки (може и без)
  • печени несолени кикиритки
  • темно чоколадо со минимум 70% какао

Подготовка:

  1. Бананите излупете ги од кората и исечете ги на 3 парчиња. Потоа, парчињата банана израменете ги од двете страни така што ќе добијат правоаголна форма.
  2. Урмите исчистете ги од семките и изблендирајте ги заедно со водата и путерот од кикиритки. Добиениот крем ставете го во готварски шприц.
  3. Од вака добиениот крем нанесте на сите парчиња банана.
  4. Врз кремот наредете ги и кикиритките.
  5. Чоколадото растопете го на пареа и во него потопете ги сите парчиња банана.
  6. Чоколадираните парчиња од банани наредете ги врз чинија обложена со мрсна хартија. Доколку некаде останат без чоколадо, прелијте ги со топеното чоколадо, одозгора со лажица и убаво премачкајте ги од сите страни.
  7. Вака подготвениот сникерс сладолед со банана ставете го во замрзнувач најмалку 2 часа, па послужете го. На здравје!

Рецептот го испратил: Лидија Јошевска, slatkitajni.com.

Ви препорачуваме да прочитате: Посни сникерс бомбици.

Сподели: