domasni kocki za supa 1

Домашни коцки за супа

Практично и здраво од кујната на Лидија! Нејзината креативност е навистина голема, па овој пат таа ни подготви домашни коцки за супа. Воодушевени од идејата, ја споделуваме со вас. Пробајте ги и вие!

Лидија вели „По желба може да додавате и друг зеленчук како магдонос, домат, модар патлиџан, тиква, лукче, праз итн.“ Направете си по свој вкус, а потоа уживајте. На здравје!

domasni kocki za supa 2

Состојки:

  • 1 тиквичка
  • 2 моркови
  • 1 кромид
  • 1 компир
  • малку целер
  • 1 помал домат
  • 150 грама сол
  • масло по потреба.

Подготовка:

  1. Прво припремете го зеленчукот. Тиквичката, морковите, кромидот, компирот и целерот, се мијат, се лупат и се и се сечкаат на ситно.
  2. Доматот се мие, се лупи, се чисти од семките и исто така се сечка.
  3. Потоа, се става тава со малку масло на оган малку да се загрее, па се додава зеленчукот. Се пропржува со повремено мешање околу 10 минути.
  4. Се додава солта и убаво се меша.
  5. Се остава да се динстува додека испари водата, а потоа треба да се излади и да се изблендира.
  6. Изблендираната смеса се враќа во тавата и се динстува уште неколку минути со постојано мешање.
  7. Смесата се турва врз хартија за печење и се формира во вид на мал правоаголник.
  8. Така припремена се става во замрзнувач да отстои преку ноќта или барем 12 часа.
  9. Големата коцка за супа се сече на мали коцки. Коцките се редат во пластична кутија, а помеѓу слоевите треба да има најлонска фолија за да не се залепат. До употребата, се чуваат во замрзнувачот.

Рецептот го испратил: Лидија Јошевска, slatkitajni.com.

Ви препорачуваме да прочитате:  Брза домашна супа со мелено месо.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: