Лесновски манастир и дегустација на Штипска пастрмајлија 1

Еднодневна прошетка до Лесновски манастир и дегустација на штипска пастрмајлија

Ако сте љубител на живот исполнет со убава енергија и ведро расположение, слободно придружете ни се! Секоја прошетка го прави животот поубав и побогат! Дојдете со нас на еднодневно уживање до Лесновски манастир и дегустација на штипска пастрмајлија!

Лесновски манастир и дегустација на Штипска пастрмајлија 2

Прво ќе се упатиме на кај Лесново, за кое легендата вели дека таму некогаш се наоѓал Штип, кој бил пробиен од освојувачки војски или познат како Пробиен Штип или Пробиштип. Богато со злато и сребро од антиката до денес било мета на интерес на сите освојувачи, а познато е по убави баници со козјо сирење, зелник со праз, лесновска матеница или масло од бутим. Свети Гаврил е еден од четворицата пустиножители, заедно со свети Јован Рилски, свети Јоаким Осоговски и свети Прохор Пчински, кои се сметаат за зачетници на монаштвото во Македонија. Во народот постои верување дека во турско време Мурат-бег дошол со многубројна војска во манастирот со намера да го разурне и да ги погуби монасите. Кога го потпишувал ферманот под оваа иста црница, похулил на Христа и на верата Христова. Веднаш потоа целата десна страна од телото му се парализирала и му се одзел видот, а истото се случило со неговите најблиски. Но откако се покајал и побарал прошка од светителот по молитвите на преподобниот Гаврил Лесновски, Бог му го повратил видот и го исцелил. Тогаш Мурат-бег го оставил манастирот неповреден, му подарил 50 хектари земјиште, а под крстот на централното кубе поставил полумесечина, како знак за заштита на манастирот од османлиите.

Потоа ќе продолжиме кон Штип, каде ќе малку ќе прошетаме и по желба секој ќе има можност да вкуси мајсторски приготвена штипска пастрмајлија.

Поаѓањето е во Недела на 08.10.2017, во 7 часот пред Спортската сала во Битола. Превозот ќе биде со автобус од МИГ Травела цената на превозот е 550 денари и може да се пријавите најкасно до 04.10.2017. Местата се ограничени, па резервирајте го своето навреме на телефонот 075 861 907, секој работен ден од 10 до 16 часот. Добредојдени сте сите пријатели!

Сподели: