Се прават навистина брзо и уште повеќе лесно! А, бидејќи не постои можност за грешка во рецептов, кога ќе ги подготвувате, дозите на состојките прилагодете ги според сопствениот вкус. Од искуство, солените бомбици од урда се секогаш добра идеја!
Во една прилика додека подготвувала летна даска, Весна добила интересна идеја. Еве што вели за тој момент: „Подготвувајќи ја летната даска, сакав да направам мали бомбици, солени, онака мераклиски, но и здрави. Изборот падна на оризови, со палента и со урда. Можете да ги направите и со друг полнеж, но овој пат тие со урда, беа со пиперки и магдонос, мојот омилен фил…“

Може да ве интересира: Солени бомбици од сирење во сос од босилек.
Состојки:
- урда
- сол
- пиперка црвена
- магдонос
- ленено семе.
Подготовка:
- Посолете ја урдата, а може да додадете зачини по желба, како на пример пресовано лукче.
- Пиперката и магдоносот измијте ги, а потоа ситно исечкајте ги.
- Земете малку од урдата, сплеснете ја, па на средина ставете парченца пиперка и магдонос.
- Оформете ја бомбицата и посипете ја со ленено семе. Постапката повторувајте ја додека се потрошат состојките. Готовите бомбици ставете ги во фрижидер и кога треба да ги послужите, извадете ги. На здравје!
Рецептот го испратил: Весна Рор, vesnarohrrecepti.com
Ви препорачуваме да прочитате: Солени бомбици од палента и сирење.