Елки од лиснато тесто со шунка

Лидија е вистински експерт кога станува збор за декорација на празнични трпези и смислување на креативни идеи за подготовка на храната. А баш таков е и рецептот за божиќните елки од лиснато тесто и шунка.

Внесете ја божиќната магија во вашиот дом со овие мали, вкусни елки од лиснато тесто и шунка. Тие не само што ќе ја красат вашата празнична трпеза, туку и ќе ве изненадат со својот вкус. Пробајте ги и уверете се!

солени елки

Состојки:

  • 500 грама лиснато тесто
  • листови шунка по потреба
  • зелени маслинки по потреба.

Подготовка:

  1. Лиснатото тесто расучете го во правоаголна форма.
  2. Врз тестото наредете листови шунка.
  3. Тестото исечете го на тенки ленти од пократката страна.
  4. Секоја лента завиткајте ја како хармоника и закачете ја на стапче за ражнич, така што ќе изгледаат како елки.
  5. Вака подготвените елки наредете ги на плех кој претходно сте го обложиле со хартија за печење. Повеќе фотографии за подготовката погледнете на линкот.
  6. Печете ги во претходно загреана рерна на 200 степени додека поруменат.
  7. Откако ќе се испечат, на секое стапче закачете по една маслинка за декорација и поавтентичен изглед на елките. Печените елки од лиснато тесто послужете ги додека се топли.

Совет плус: Земете една зелка со средна големина, завиткајте ја со декоративна хартија и на неа закачете ги вака подготвените елки. По желба, за оваа намена може да искористите и стиропор.

Рецептот го испратил: Лидија Јошевска, slatkitajni.com.

Ви препорачуваме да прочитате: Направете ги највкусните божиќни елки за десерт.

Сподели: