Освен тоа што развеселуваат и прават вистинска визуелна гозба за очите, жолтото и портокалевото овошје и зеленчук делуваат благотворно за нашето здравје. Придобивките од нив се многубројни, па ајде да дознаме повеќе за нив!
Сигурно, без број пати досега сте слушнале и прочитале за тоа колку е здраво зеленото и црвеното овошје и зеленчук. Зеленото овошје посебно се препорачува за диетални режими на исхрана, како лесно и ниско калорично, а црвеното е познато како корисно за срцето и крвоносниот систем. А сега е добар момент да дознаеме повеќе за значењето на жолтото и портокалевото овошје и зеленчук во организмот.

Оваа група на намирници има антиосидантни својства, кои се дожат на фитонутриентите како што се каротеноидите и биофлавоноидите. Освен тоа, во нив има голема количина на бета каротен за кој се верува дека освен што го успорува стареењето и го чува видот, е еден од главните начини за превенција на разни срцеви заболувања и развој на рак.
Ви претставуваме 10 причини заради кои во редовната исхрана дефинитивно морате да внесете барем една портокалева или жолта овошка или зеленчук на ден:
- Го чуваат здравјето на вашите очи.
- Делуваат антиканцерогено.
- Го намалува крвниот притисок.
- Го намалуваат холестеролот.
- Ги чуваат вашите зглобови.
- Го обновуваат колагенот.
- Го зајакнуваат имунитетот.
- Благодарение на калциумот и магнезиумот во својот состав ги зајакнуваат коските.
- Ја одржуваат рН вредноста на идеално ниво.
- Го забрзуваат процесот на топење на масните наслаги.
- Претставуваат одличен извор на фолати кои се посебно важни за трудниците и зачувување на здравјето бри бременоста. Со јадење доволна количина од овие намирници, поголемиот број на луѓе може да ги задоволи потребите за фолати.
Намирници со кои може да ја развеселите и збогатите чинијата се сите цитрусни овошја (лимони, портокали, грејпфрут), банани, манго, праски, ананас, моркови, тикви, сладок компир, пченка, пиперки и многу други. Сервирајте си и на здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Како почесто да јадете овошје и зеленчук?