Ако сакате да ослабнете, нема потреба да се изгладнувате, туку доволно е само да го корегирате менито. Она што е важно да знаете, е дека тоа треба да биде на долг рок и дека промените не се можни „преку ноќ“. Откријте како е тоа можно на добар начин, без да му штетите на здравјето. Заменете ги калоричните намирници со понискокалорични, а подеднакво вкусни!
Можеби дел од овие совети ќе ви звучат необично, но не ги измисливме ние, туку ги споделуваме како успешно искуство од поголема група на задоволни и среќни луѓе.

Суви сливи наместо путер
Како што спомнавме, потполно е необична споредбата, но сувите сливи се десерт кој е сојузник на здравјето и витката линија.
Свежо посно сирење наместо масни намази
Иако полномасните млекчни намази се вкусни и може да го збогатат вашиот сендвич, треба да внимавате на количината која ја консумират. Може и да ги замените со нискомаслени производи и повторно да уживате во вкусот.
Свежи зачини наместо суви концентрати
Ако вашиот рецепт вели лажица мешан зачин, секогаш кога имате можност бирајте да користите свежи зачини. Лукот, свежите зелени зачини, пиперките, не содржат сол, се многу поздрави и имаат богат вкус.
Јаболко и јогурт наместо путер и масло
Трудете се наместо честа употреба на маргарин, масла и путер, да каснете јаболко и јогурт. Половина шолја путер содржи 900 калории и 92 грама масти, додека, јаболкова каша со јогурт има околу 50 калории и многу малку масти. Во припремата на кашата, избегнувајте да додавате шеќер или додајте колку што можете помалку.
Мелено мисиркино, наместо мелено телешко месо
Оваа замена ги вклучува оброците со мелено месо. Меленото мисиркино месо е полесно сварливо од телешкото, а исто толку вкусно. Храната која побрзо се вари не предизвикува надуеност на стомакот, па таа појава секако ќе ја избегнете.
Нискомаслен јогурт и сирење наместо кисела павлака
Иако во вашиот рецепт пишува кисела павлака, пробајте да замените со мешавина од јогурт и немасно сирење или урда. На овој начин, значително ќе го намалите бројот на калории, а вкусот ќе остане непроменет.
Парчиња темно чоколадо наместо прелив
Наместо колачот да го прелиете со домашно припремен или купечки прелив, земете темно чоколадо и стопете го за таа намена. Колачите ќе бидат превкусни, а вие ќе потрошите помалку чоколадо, а со тоа ќе внесете и помалку калории.
Ви препорачуваме да прочитате: Нискокалорични интегрални мафини без шеќер.