Зајакнете го имунитетот на вашето дете

Време е на настинки и вирози, па важно е правилно да се подготвите и да го зајакнете имунитетот на вашето дете.  Секој од нас добро знае дека изборот на храната која ја јадеме и тоа како влијае врз нашето здравје.

Затоа, посебно важно е сите родители да знаат дека, со правилен избор на храна, имунитетот на децата може да се зајакне и подобри во голема мера. А за да бидат децата силни и здрави, се препорачува во исхраната да бидат вклучени неколку намирници кои помагаат за зајакнување на имунитетот:

Овошје и зеленчук

Првото место му припаѓа на свежото овошје и зеленчук кои треба секојдневно да бидат застапени во исхраната на децата. За зајакнување на имунолошкиот систем, особено е важно консумирањето на намирниците кои содржат голема количина на витамин Ц, а такви се цитрусните овошја, јагодите, пиперките, брокулата и слатките компири.

Јогурт

Јогуртот содржи корисни бактерии, познати како пробиотици кои се важни за правилен развој на дигестивниот систем, а освен тоа тие му помагаат на телото да има силен имунитет и полесно да се одбранува од болести.

За да одредите дали киселото млеко содржи живи култури, кои се корисни и го зајакнуваат имунитетот, штом го отворите пакувањето, забележете дали на горната површина има малку течност. Штом има течност, тоа е добар знак.

зајакнете го имунитетот кај вашето дете

Кефир

Овој млечен производ е исто така одличен пробиотик. Вкусот на прв впечаток може да биде чуден, но брзо ќе се навикнете и вие и вашите деца.

Ореви

Оревите се одличен извор на омега 3 масни киселини, кои се добри за организмот од повеќе причини. Стручњаците веруваат дека тие помагаат телото да се бори против болестите, а исто така постојат резултати кои покажале дека помагаат во намалување на ризикот од настинки и инфекции на дишните патишта.

Немасно месо

Немасното месо е одличен извор на протеини и цинк, за кој истражувањата покажале дека помага борбата на белите крвни зрнца против инфекции.

Покрај правилниот избор на храна, инсистирајте детето да спие најмалку 8 часа и повеќе. Изгаснете ги ноќните светла и другите светилки кои можат да ја нарушат рамнотежата на нивото на серотонин. Обрнете внимание, така што во собата во која спие детето да биде темно, тивко и удобно.

Сподели: