За здрави и силни заби избегнувајте ги овие 7 намирници 1

За здрави и силни заби избегнувајте ги овие 7 намирници

Здрави и силни заби се основен предуслов за убава насмевка, но и за спречување на многу болести. Дали сте знаеле дека расипаните заби може да ви предизвикаат, на пример болест на бубрезите? А, да не спомнуваме за главоболките, лошиот здив и слично.

За вашите заби да бидат блескави и здрави, неопходна е добра хигиена која вклучува задолжително миење на забите најмалку навечер, или барем два пати дневно, чистење со забен конец, како и чување на здравјето на непцата.

За здрави и силни заби избегнувајте ги овие 7 намирници 2

Но, на здравјето на забите и тоа како влијае исхраната! Познато е дека кафето и цигарите негативно влијаат на здравјето на забите а дали знаете кои намирници не ги препорачуваат стоматолозите доколку имате чувствителни заби, бидејќи со нив можеме да ги оштетиме забите?

Тврди бонбони

Има истражувања кои тврдат дека иако шмукањето на слатките бомбони делува привлечно за нас, всушност со нив забите се претрупуваат со тврди шеќери и тоа за подолг временски период, па дури и ако сте ги измиле забите.

Мраз

Никогаш не грицкајте мраз! Често ни се случува на многумина од нас, а посебно во летниот период да ја испиеме пијачката и потоа да преминеме на мразот. Стоматолозите за тоа велат гласно НЕ!

Јаболка

Јаболката се препорачуваат како една од најздравите намирници, а ако имате проблем со слаби заби со јаболката треба да постапувате малку понеобично. На што мислиме? Наместо да ги гризете и забите да ви станат дополнително осетливи, исечкајте ги на ситни парченца или изрендајте ги и слободно уживајте во нив. Не заборавајте дека истото важи за секое тврдо овошје и зеленчук, на пример морковите.

Може да ве интересира: Природен раствор за плакнење на устата со цимет.

Печена пченка

Летото уживаме да јадеме врела печена пченка Но, заболекарите велат дека со неа се изложуваме на ризик да ни испадне пломбата или пак заби кои се послаби или оштетени. Едноставно истругајте ги зрната од кочанката и уживајте во јадењето.

Сос од домати

Забната глеѓ е посебно осетлива на силни бои, а тука е и црвената боја на сосот од домати. Глеѓта многу лесно ја впива црвената боја, а киселината од доматите го ослабува квалитетот на забите.

Бело вино

Киселината од белото вино се лепи за глеѓта и ја прави подложна на впивање дамки од секоја храна која подоцна ќе ја изедете.

Бомбони за освежување на здивот

Можеби имате прекрасно чувство на свежина во устата, но е исто како да се истриле шеќер во забите. Ако веќе не можете без нив изберете без шеќер.

Карамели

Делови од овие лепливи бонбони остануваат заглавени помеѓу забите и непцата, па наслагите дополнително се таложат. Стоматолозите велат дека од карамела може да настанат повеќе проблеми.

Ви препорачуваме да прочитате: 5 намирници кои се одлична храна за здрави заби.

Сподели: