Здрав овошен сладолед без шеќер 2

Здрав овошен сладолед без шеќер

Овој здрав овошен сладолед без шеќер е она што ни потребно летово! Ем разладува, ем не дебелее. Зар не звучи совршено?

Зар има нешто подобро од вкусно овошје преточено во освежителен сладолед кој може да го јадете без грижа на совест? Можеби на прв поглед ви изгледа неверојатна идејата да направите сладолед само од овошје, без додадок на шеќер или некои други состојки. Но, на блогот на Лидија наидовме на баш таков рецепт за здрав сладолед од киви и банана. Ви гарантираме дека е одличен, како и се друго што ни доаѓа од кујната на Лидија.

Здрав овошен сладолед без шеќер 2

Вака подготвениот сладолед е вкусен и здрав, без рафинирани шеќери и без дополнителни калории. Може да го јадете дури и за време на диета. Го обожаваат и децата, па е совршен начин да ги убедите да изедат дополнително количество на овошје.

Состојки:

*За 1 порција.

  • 1 банана
  • 1 кива
  • 1 лажичка вода

Подготовка:

  1. Бананата и кивата замрзнете ги во замрзнувач за време од 12 часа. Доколку сакате да добиете поголема количина на сладолед може да ставите повеќе парчиња на овошје.
  2. Потоа, замрзнатото овошје извадете го од замрзнувач и оставете го на собна температура околу 5 минути за малку да се одмрзне.
  3. Овошјето излупете го, па исечете ги на помали парчиња.
  4. Парчињата овошје ставете ги во блендер, додајте 1 лажичка вода и блендирајте ги додека добиете убава кремаста смеса.
  5. Вака подготвениот сладолед се послужува веднаш, сервиран со свежи парчиња кива. На здравје!

Рецептот го испратил: Лидија Јошевска, slatkitajni.com.

Ви препорачуваме да прочитате:  Здрав сладолед од јагоди и банани без шеќер.

Сподели: