Зелена салата со шунка, кашкавал и прелив од јогурт и мајонез

Зелена салата со шунка, кашкавал и прелив од јогурт и мајонез

Летото е период кога тешките и калорични јадења кои изобилуваат со месо треба да се заменат со свежи намирници, сочно овошје и лесни салати. Нам особено ни се допаѓаат салатите кои можат да заменат целосен оброк. Благодарение на Лидија имаме рецепт за баш една таква зелена салата со шунка и кашкавал, прелиена со вкусен прелив.

Направете ја штом ви се најават гости или пак почестете се со убава салата, подобра од рестораните. Интересен е преливот кој се прави со неколку состојки, како мајонез, јогурт и кечап. Би рекле, вреди да се проба!

зелена салата со шунка

Состојки:

  • ½ зелена салата (марула, ајсберг)
  • друга свежа зелена салата по желба (рукола и слично)
  • ½ краставица
  • 10-15 шери домати
  • 150-200 грама шунка
  • 150-200 г кашкавал
  • 3-4 варени јајца
  • маслиново масло.

За прелив:

  • 80 г мајонез
  • 80 г јогурт
  • 1-2 лажички винска киселина
  • 1-2 лажици мед
  • 2 лажици кечап
  • 1-2 лажички црвена пипер
  • сол и црн пипер по вкус.

За сервирање:

  • кубети или двопек
  • мајчина душица.

Подготовка:

  1. Најпрво подгответе го преливот. Во длабок сад измешајте ги јогуртот, мајонезот, винската киселина, кечапот, медот и црвената пипер. Зачинете со сол и црн пипер по вкус.
  2. Потоа, темелно измијте ја салатата и исечете ја на покрупни парчиња. Дробената салата ставете ја во длабока чинија за сервирање, прелијте ја со две лажици од претходно подготвениот прелив и добро промешајте ја.
  3. Исечкајте ја и другата зелена салата и додајте ја во садот.
  4. Краставиците и доматите темелно измијте ги и исечкајте ги, па и нив додајте ги во садот со зелена салата.
  5. Шунката и кашкавалот исечкајте ги на коцки и додajте ги во салатата.
  6. Јајцата исечете ги на четвртинки и наредете ги на околу во чинијата. Вака наредената салата полијте ја со маслиново масло и поросете ја со сол и црн пипер по вкус.
  7. Додадете од претходно подготвениот прелив по ваш вкус и украсете ја салататa со кубети или парчиња двопек и мајчина душица. На здравје!

Рецептот го испратил: Лидија Јошевска, slatkitajni.com.

Ви препорачуваме да прочитате:  Салата со варени јајца и спанаќ.

Сподели: