срцев удар исхрана 1

Исхрана за превенција од срцев удар

Кардиоваскуларните болести сеуште се водечка причина за смрт во светот. Затоа, важно е да знаеме сите, дека со правилна исхрана и здрави животни навики, самите може значително да придонесеме во зачувувањето на здравјето и виталноста на срцето и крвоносниот систем.

Во голем број случаи, коронарните заболувања може да предизвикаат срцев удар, кој за жал понекогаш завршува и со смртен исход или со видливо намалување на квалитетот на животот. Но, затоа е тука здравата исхрана. Таа придонесува во намалување на нивото на штетниот холестерол и зголемувањето на нивото на добриот холестерол во крвта. Исто така, влијае за да се намали нивото на триглицеридите, што помага да се заштитат крвните садови од атеросклероза, а срцето од срцев удар.

Во оваа содржина ви нудиме неколку совети во врска со исхраната кои може да ви помогнат да превенирате срцев удар, а исто така и совет од Др. Нела, за тоа кој природен суплемент е погоден за зачувување на срцето и крвните садови. Топло препорачуваме да издвоите неколку минути и да прочитате до крај.

срцев удар исхрана 2

Исхрана за намалување на ризикот од појава на срцев удар

  1. Избегнувајте храна богата со холестерол и заситени масни киселини како црвено месо, полномасни млечни производи и жолчка од јајце.
  2. Консумирајте повеќе овошје и зеленчук. Жените кои консумираат по 5-10 порции зеленчук и овошје на ден, имаат 3 пати помал ризик за развој на коронарна артериска болест.
  3. Консумирајте поголеми количини на храна богата со каротеноиди. Една студија покажала дека консумација на овошје и зеленчук богати со каротеноиди, ја намалува концентрацијата на C-реактивниот протеин во крвната плазма (овој протеин е поврзан со воспалителни процеси и со поголем ризик од срцеви болести).
  4. Супстанците кои се наречени флавоноиди исто така се покажале како корисни во превенција на срцеви заболувања. Флавоноидите најмногу ги има во: кељ, брокула, црно грозје, јаболка и житарки.
  5. Јадете повеќе мешунки (леќа, грав, грашок, соја). Студија во која учевствувале 9000 испитаници покажала дека лицата кои консумираат мешунки 4 пати неделно имаат 22% помал ризик за кардиоваскуларни болести од оние кои консумирале мешунки еднаш неделно или поретко.
  6. Пијте сок од црно грозје. Оваа навика ќе ви помогне да го покачите нивото на добриот холестерол.
  7. Јадете авокадо. Авокадото е богато со корисни масти, а тоа може да ви помогне да го намалите нивото на холестерол во крвта.
  8. Почесто консумирајте јаткасти плодови. Најдобри се оревите, но и другите јаткасти плодови се доста ефикасни за намалување на нивото на серумскиот холестерол.
  9. Вклучете го овесот во исхраната. Овесот е богат со растителни влакна и помага за намалување на нивото на лошиот холестерол.
  10. Изберете интегрални житарки. Тие содржат растворливи влакна кои исто така го намалуваат нивото на холестерол.
  11. Користете ладно цедени масла, како што е ладно цеденото маслиново масло, кое е едно од најдобрите и содржи голема количина на мононезаситени масни киселини – олеинска масна киселина.
  12. Полномасните млечни производи заменете ги со производи кои содржат помал процент на масти.
  13. Избегнувајте внес на црвено месо, а консумирајте повеќе мешунки и риба.
  14. Пијте вода во доволни количини.

Покрај здрава исхрана и добри навики, на организмот може да му помогнете и со соодветни квалитетни суплементи. Со цел превенција од срцев удар и зачувување на здравјето на срцето, Др. Нела нѐ советува, како додаток во исхраната да земаме по 1 капсула од коензимот Q10 (CoQ10), 1-2 патидневно, со храна.

Коензимот Q10 (CoQ10) на Тримекс претставува антиоксидант кој има централна улога во производство на клеточната енергија. CoQ10 е особено концентриран во срцето, црниот дроб и бубрезите и откриено е дека производството се намалува со  возраста. CoQ10 делува како моќен елиминатор на слободните радикали во клеточните мембрани, како и во крвните садови. Годините на научни истражувања покажаа дека Коензимот Q10 помага да се одржи здраво срце и здрав васкуларен систем. NOW CoQ10 е со фармацевтски квалитет кој содржи само 100% природна форма на CoQ10 произведена со ферментација. За подетални информации кликнете тука, јавете се на телефонот 02 32 46 000 или посетете ги поголемите аптеки каде може да ви дадат информации, а исто така и да го купите по потреба.

За крај, доколку сакате да го земате превентивно коензимот Q10 (CoQ10), во секој случај препорачуваме да се консултирате со вашиот личен лекар, а потоа да започнете со употреба.

Ви предлагаме да прочитате: 9 намирници за снижување на холестеролот во крвта.

Сподели: