Како да одржите нормално ниво на шеќер на крвта?  

Ако сте еден од милионите луѓе ширум светот кои имаат претдијабетес, метаболичен синдром или друга форма на резистенција на инсулин, одржувањето на нормалното ниво на шеќер во крвта може да биде предизвик. Во последните неколку декади, овие хронични заболувања се повеќе се среќаваат во светски рамки, а предизвикуваат сериозни последици врз здравјето како оштетување на нервите, замор, губење на видот и покачување на телесната тежина, кои може да се превенираат навремено.

Повеќето навики кои овозможуваат да го одржиме нивото на шеќер во крвта во нормала се едноставни и лесни за примена. Малите промени во исхраната, редовното вежбање и спиењето може многу да ви помогнат при менаџирање на шеќерот во крвта. Па, ајде да ги погледнеме најдобрите начини кои ќе ве насочат кон правилната патека за одржување на нормално ниво на шеќерот во крвта во текот на цел живот.

шеќер во крвта

Јадете свежа храна која има антивоспалителни својства

Здравиот начин на исхрана е клучен фактор за превенција и третирање на шеќерната болест. Не треба само да ја избегнувате консумацијата на јагленохидрати кога нивото на шеќер во крвта е вон границите на нормалата – она што треба да го направите е да го балансирате нивниот внес со протеини/масти и да се трудите да ги јадете свежа, непреработена храна. Јадењето на храна богата со протеини, растителни влакна и здрави масти во секој оброк може да ви помогне да го стабилизирате нивото на шеќер во крвта, особено кога консумирате јагленохидрати/шеќеи (кои најповеќе ги има во компирите, овошјето и житариците во цело зрно). Ваквата комбинација на хранливи состојки ќе ви помогне да ја намалите апсорпцијата на шеќер во крвотокот, да го регулирате апетитот, но исто така е важно за метаболизмот и варењето на храната.

  • Намирниците кои се богати со протеини и помагаат за регулирање на нивото на шеќер во крвта се: риба која не е одгледена во рибници како лосос, јајца кои се добиени од кокошки кои не се чуваат во кафези, телешко, месо од живина или јагнешно месо од животни кои се хранети со трева и млечни производи како јогурт или ќефир.
  • Здравите масти може да ги консумирате од: девствено кокосово масло, екстра девствено маслиново масло, семиња и јаткасти плодови како бадеми, чија, ленено семе и авокадо.
  • Храната која е богата со растителни влакна и треба да се најде во вашата чинија е: свеж зеленчук, парчиња овошје, никулци и житарици во цело зрно. Некои од нашите омилени храни кои се лесно достапни, а се многу богати со растителни влакна се зелениот лиснат зеленчук, чија семе, ленено семе, јаболка, семки од тиква, бадеми, авокадо и сладок компир.
  • Согласно со една содржина објавена во магазинот Diabetic Living, други храни и пијалоци кои се одлично дополнување на исхраната за стабилизација на шеќерот во крвта се јаболковата киселина, циметот, зелениот чај, чаеви од лековити билки и свежи зачини.

Ви предлагаме да прочитате: Што е претдијабетес и како да го спречите?

Сподели: