Лековитиот кантарион е растение кое има изразено поволно дејство врз организмот на повеќе начини. Има магична моќ да лечи многу органи и системи во телото, а нуди голем број можности за употреба. Тоа може да биде чај, масло, капки, капсули, таблети, вагиналети и слично.
Кантарионот расте на ливади, пасишта, како и на каменити предели, а цвета од Мај до крајот на Август зависно од поднебјето. Расте до висина од 60 см, има специфичен мирис, горки вкус, а изобилува со железо, етерични масла, смола, каротен, колин и витамин Ц.
Ова растение се нарекува магично затоа што помага за подобрување и лекување на различни состојби во организмот.

Факти за корисните својства на кантарионот како природен лек:
- Има силно антидепресивно дејство, па не е препорачливо да се меша со лекови за таа намена, бидејќи има исто дејство. Во последните години голем број научни истражувања го потврдуваат овој факт, а најчесто се применува при благи и умерени депресии. Во споредба со фармацевтските антидепресиви, покажува подеднаква ефикасност, а помалку несакани дејства.
- Освен за депресија, помага во третирање на стравови, пореметувања на расположението во менопауза, ноќно мокрење, опсесивно-компулсивни пореметувања, сезонски депресии кои посебно се манифестираат во зимските месеци кога има недостаток на доволно сончева свелина.
- Кантарионот е најпопуларен за лекување на повреди на кожа, рани, посекотини, убоди и чиреви, а ги ублажува симптомите на гастритис, чир на желудник, болести на бубрезите, црниот дроб, слезинката и мочниот меур. Познат е по своите антибактериски и антивирусни својства, а благодарение на против воспалителното дејство во голема мера се користи и помага при рани и опекотини за полесно да зараснат.
- Се употребува како лек за чир на желудникот и дванаесетпалачното црево, при пореметување на варењето, за стимулација на желудочните сокови и олеснување на варењето. Етеричното масло од кантарион спречува појава на грчеви во стомакот, ја олеснува работата на цревата и спречува надуеност и дигестивни тегоби воопшто. Исто така, се користи за намалување на болки при гастритис, за зараснување на рани при чиреви.
- Помага за намалување на крвниот притисок и превенира срцеви заболувања, одличен е против хемороиди и опекотини. Традиционално се припрема во вид на масло кое се користи за намалување на болки, реума, гихт, крварења и промени на кожата.
Сега кога знаете за неговата огромна корист, многу наскоро очекувајте рецепт како да го направите своето лековито масло од кантарион.