Веројатно не постои личност на која не и се познати хранливите и лековитите својства на медот. Но, често кога купуваме, голем број од нас се запрашуваат, дали е тоа квалитетен и вистински природен мед? Врвните пчелари ни откриваат неколку многу едноставни трикови или методи за откривање на вештачкиот, неквалитетен мед.
Како и во секоја област, за жал и во исхраната постојат такви нешта, па постојат случаи во кои се среќава мед направен од шеќерен или пченичен сируп, адитиви и боја. Но, искусните пчелари знаат да препознаат природен квалитет и еве што препорачуваат.

7 трикови како да препознаете кој мед е квалитетен и природен
- Прво што можете да направите е да протриете малку мед помеѓу палецот и показалецот. Ако прстите се лепат, значи медот содржи шеќер или други вештачки засладувачи. Природниот мед не е леплив.
- Ставете неколку капки мед на хартија или хартиено марамче. На вистински квалитетниот мед ќе му биде потребно доста време за да пројде низ хартијата, бидејќи не содржи вода.
- Наполнете ја чашата со вода и додајте лажичка мед. Природниот мед ќе падне на дното и ќе остане компактен, додека вештачкиот ќе почне да се меша/топи со течноста.
- Намачкајте мед на парче леб. Природниот мед ќе го стврдне лебот за неколку минути, а вештачкиот ќе го навлажни заради водата која ја содржи.
- Пред да го проголтате, квалитетниот и природен мед прави чувство на боцкање во устата, кое не се појавува кога станува збор за вештачки.
- Со времето вистински природниот мед ќе кристализира, а вештачкиот ќе остане мазен.
- Намачкајте го врвот на чкорчето со мед и запалете го. Природниот мед нема да го попречи процесот на согорување, за разлика од вештачкиот кој содржи вода.
Ви препорачуваме да прочитате: Мед- единствена нерасиплива храна, добивање и придобивки.