кинески посни ролнички

Кинески посни ролнички

Ова е рецепт кој го освои нашиот вкус! Симпатични кинески посни ролнички со фил од зелка и моркови. Ролничките ни доаѓаат од кујната на Лидија, а на линков може да погледнете повеќе фотографии од начинот на подготовката.

Па, пробајте нешто ново и почестете го семејството и пријателите.

кинески посни ролнички

Состојки:

  • готови кори за баклава
  • ½ главица свежа зелка
  • 2 до 3 моркови
  • 3 до 4 чешниња лук
  • 1 помала главица кромид или праз
  • 1 ½ до 2 см свеж ѓумбир
  • 3 до 4 лажици соја сос
  • сол и црн пипер по вкус
  • 1 мала лута чили пиперка по желба.

За премачкување:

  • 1 лажица брашно
  • 1 лажица вода.

Подготовка:

  1. Зелката ситно се сечка. Морковот се чисти и се редна. Ѓумбирот се лути и се ренда. Кромидот, лукот и чилито се чистат и се сечкаат.
  2. Во вок или стандардна тава се става малку масло да се загрее. Во тавата се додаваат зелката, морковот и кромидот, и се пропржуваат.
  3. Штом ќе омекнат зеленчуците, во тавата се додаваат лукот, ѓумбирот и чилито. Зеленчуците се пржат уште неколку минути. На крај, тавата се трга од огнот, се додава соја сосот, сол и црн пипер. Филот се меша и се остава да се излади.
  4. Смесата за премачкување се меша во мала чинија.
  5. Една кора за баклава се сечи на 4 дела. Потребно е да се добијат 4 правоаголници. Секој дел се витка од едната страна, за да се добие форма на квадрат. Постапката за сечење и формирање погледнете на линкот.
  6. Во средината на кората се става фил и се виткаат ролнички. За подобро да се лепат ролничките, краевите им се премачкуваат малку со смесата од брашно и вода.
  7. Ролничките се редат во тава обложена со хартија за печење и се премачкуваат со масло. Се ставаат да се печат во загреана рерна на 200 степени за време од 15 минути. Наместо печени, ролничките може да се пржат и во загреано масло.
  8. Ролничките се сервираат додека се топли со кинески слатко-лут ладен сос и соја сос.

Рецептот го испратил: Лидија Јошевска.

Ви предлагаме да прочитате: Печени ролнички со фил од брокула и сирење.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: