Дека морињата и океаните се загадени на сите ни е познато. Тоа влијае и на количината на жива во рибите и ја загрозува безбедноста на морската храна која ја јадеме. Но, загаденоста не ги поштедува ни реките и езерата, па затоа треба да се биде претпазлив и при изборот на слатководни риби. Во продолжение ви откриваме кои риби содржат најмногу жива, а исто така и риби кои се најбезбедни за консумација.
Сепак, тоа не значи дека треба да престанеме да јадеме риба, бидејќи и понатаму таа е една од најздравите храни. Само треба повеќе да се посвети внимание на изборот на риба и на нејзиното потекло. Особено треба да се избегнува туната, но сепак мали количини и повремено нејзино консумирање не се толку штетни.

Кои риби содржат најголема концентрација на жива?
Риби со најголема концентрација на жива кои треба да ги избегнувате во вашата исхрана, а особено ова важи за бремените жени, се:
- сабјарка
- ајкула
- кралска скуша
Нешто помала концентрација на жива содржат следните видови на риби и морски плодови:
- туна
- шпанска скуша
- јастог
- иверка
- морската пастрмка
Риби се најбезбедни за човекова исхрана
Групата на риби кои немаат многу жива во себе ја сочинуваат:
- крап
- пастрмка
- лигни
- рак
- пацифичка скуша
Најмалку жива, а со тоа и најбезбедни за исхрана се следниве риби:
- сом
- харинга
- бакалар
- сардина
- ослиќ
- остриги
- лосос
Во принцип, помалите риби се секогаш побезбеден избор, бидејќи тие содржат помала количина на жива. Овие риби се побезбедни и за трудници.
Во колкава количина треба да се консумираат рибите?
Рибите, особено морските, важно да се вклучат во исхраната и не треба да ги избегнуваме поради живата, само треба да внимаваме кои видови и во колкава количина ќе ги консумираме. За повеќето луѓе умерената консумација не претставува опасност по здравјето, но ситуацијата е различна кај бремените жени и кај малите деца. Па така, трудниците, оние кои сакаат да забременат и доилките треба да консумираат риби кои содржат најмала концентрација на жива. Тие треба да го ограничат внесот на риба на околу 340 грама во седмицата. Рибите кои имаат најмалку жива, а се и најчесто консумирани во нашата исхрана се: шкампите, лососот, сомот и одредени врсти на бакалар. Ако сепак не може да се откажете од туната, избегнувајте ги само албакор и белата туна. Со време живата се таложи во телото, но природно таа се исфрла од организмот. Понекогаш е потребно многу години да се консумира, за живата толку да се насобере во нашето тело што ќе почне да му штети. Но, сепак би споменале дека бремените жени и на оние кои сакаат да забременат треба да намалат со консумацијата на рибите кои имаат многу жива.
А што ако јадеме многу риба?
Дури и ако секојдневно консумирате риба, нема значајно да го промените нивото на жива во организмот, но сепак се препорачува да не се претерува со нејзината консумација. Најдобро е да се држите до советот дека рибата е доволно да се консумира два пати во седмицата.
Ви препорачуваме да прочитате: Со почеста консумација на лосос до превенција од рак на дојка.