Краставиците се поздрави од што мислите 1

Краставиците се поздрави од што мислите – 9 здравствени придобивки

Краставиците важат за една од најздравите намирници во светот. Понекогаш паѓаат во  „сенка“ покрај толкавиот избор на намирници кои ги имаме на денешно време, а има многу причини за што почесто да јадете краставици.

Припаѓаат на истата фамилија како и тиквите и лубениците, а се состојат од скоро 95% вода во својот состав, слично како и другите претходно спомнати намирници. Обично се сметаат за летна храна која ни овозможува да останеме хидрирани и да внесеме поголема количина на течност за време на топлите денови. Сепак, поради, бројните здравствени придобивки кои ги поседуваат, краставиците би било добро да ги јадеме во текот на целата година. Богати се со витамин К, бакар, калиум, витамин Ц и манган, а содржат и полифеноли кои се значајна компонента за намалување на ризикот од хронични болести. Прочитајте тука како да ги одржите свежи подолго време.

krastavici 2 2

Еве зошто би требало да јадете што повеќе краставици:

Го штитат мозокот. Содржат противвоспалителни флавоноли кои се нарекуваат фисетини кои играат важна улога кога е во прашање здравјето на мозокот. Тие помагаат за подобро памтење и ги штитат нервните клетки од заборавеност која се поврзува со стареењето.

Го намалуваат ризикот од канцерогени заболувања.  Полифенолите наречени лигнани во нивниот состав го намалуваат ризикот од настанот на рак на дојка, рак на јајници, на матката или на простатата.

Се борат против воспаленија. Со нивна помош можете да ги ублажите воспалителните процеси во организмот, а некои истражувања покажуваат дека помагаат да се спречи појавата на воспаленија.

Богати се со антиоксиданси. Во краставиците се наоѓаат бројни антиоксиданси вклучувајќи ги и оние најпознатите, витамин Ц и бета-каротен. Исто така  ги има флавоноидите кверцетин, апигенин, лутеолин и кемпферол, а од сите нив организмот има голема корист.

Го освежуваат здивот. Отсечете една кришка и ставете ја во устата и држете ја што поблиску до непцата. На овој начин ќе ги уништите бактериите кои го предизвикуваат лошиот здив, а според ајувердата се верува дека краставицата го намалува вишокот на „жештина“ во стомакот, што е една од причините за непријатен здив.

Го намалуваат нивото на стрес.  Содржат витамин Б1, Б5 и Б7, а витамините од Б групата се познати како броци против стресот.

Го подобруваат варењето и здравјето на дигестивниот систем. Богати се со растителни влакна и вода. Така, ако ве мачат желудочни киселини, изедете краставица и тоа ќе ви помогне во регулирањето на рН во стомакот. Краставиците содржат и противвоспалителни влакна кои помагаат за редовна и мека столица.

Помагаат за здрава телесна тежина. Имаат многу малку калории, а прилично заситуваат. Растителните влакна во нивниот состав се раствораат во вид на гел во цревата и овозможуваат чувство на ситост подолго време.

Краставиците се одлични за здравјето на срцето. Содржат калиум кој е поврзан со снижување на крвниот притисок, како и за нормализирање на други телесни функции.

Ви препорачуваме да прочитате: 5 причини за да јадете краставици.

Сподели: