Различните рецепти содржат голем број на кујнски мерки, како грамови, количина на состојките наведена во лажици, чаши и слично. Поради тоа, често наведените кујнски мерки се јавуваат како проблематични при подготовката на различните специјалитети. Затоа сме тука ние, да ви ја олесниме таа дилема и да ви го олесниме разбирањето на мерките во кујна.
Кујнски мерки кои одговараат на една мала чајна лажичка
- Една чајна лажичка со брашно содржи 3 грама
- Една чајна лажичка со шеќер во прав, вода, црвена пипер, киселина или растително масло содржи 5 грама/милилитри
- Една чајна лажичка со презла или млеко содржи 6 грама/милилитри
- Една чајна лажичка со сол или путер содржи 7 грама
- Една чајна лажичка со кисело млеко или јогурт содржи 8 грама
- Една чајна лажичка со ориз, густин, гриз, шеќер или маргарин содржи 10 грама.
Кујнски мерки кои одговараат на една супена лажица
- Една лажица со брашно или киселина содржи 10 грама/милилитри
- Една лажица со црвена пипер или лебни трошки содржи 12 грама
- Една лажица со сол или млеко содржи 15 грама/милилитри
- Една лажица со шеќер во прав содржи 18 грама
- Една лажица со вода, шеќер, кисело млеко, јогурт, растително масло, густин или гриз содржи 20 грама/милилитри
- Една лажица со ориз содржи 30 грама
- Една лажица со путер содржи 40 грама
- Една лажица со маргарин содржи 50 грама.

Кујнски мерки кои одговараат на една кафена чаша (филџан)
- Една кафена чаша со брашно содржи 50 грама
- Една кафена чаша со шеќер во прав содржи 55 грама
- Една кафена чаша со лебни трошки или грав содржи 60 грама
- Една кафена чаша со растително масло содржи 65 милилитри
- Една кафена чаша со вода, леќа, густин или гриз содржи 70 грама/милилитра
- Една кафена чаша со шеќер, кисело млеко, јогурт или путер содржи 80 грама
- Една кафена чаша со ориз, млеко содржи 85 грама/милилитри
- Една кафена чаша со маргарин содржи 90 грама.
Кујнски мерки кои одговараат на една чаша
- Една чаша со брашно содржи 130 грама
- Една чаша со лебни трошки содржи 140 грама
- Една чаша со шеќер во прав или грав содржи 150 грама
- Една чаша со густин или гриз содржи 160 грама
- Една чаша со растително масло содржи 180 милилитри
- Една чаша со вода, кисело млеко, јогурт, млеко, леќа или шеќер содржи 200 грама/милилитри
- Една чаша со путер содржи 210 грама
- Една чаша со ориз содржи 220 грама
- Една чаша со маргарин содржи 240 грама.
Други мерни единици во рецепти:
- 1 прстофат (со два прста) околу 1 грам (сол, шеќер, брашно, црвен и црн пипер)
- 1 грст сол содржи 80 грама
- 1 коцка шеќер содржи околу 6 грама
- 1 јајце содржи околу 50 грама
- 1 мала главица лук содржи околу 30-40 грама
- 1 голема главица кромид содржи околу 100 грама
- 1 морков содржи околу 30-40 грама
- Ќибритна кутија сирење или кашкавал содржи околу 30 грама.