Лесна крем супа од брокула 1

Лесна крем супа од брокула

„Превкусна и лесна крем супа од брокула, компир и кромид.“ – вака ни ја опиша Лидија нејзината домашна супа. Рецептот го имате во продолжение.

Може да ве интересира: Крем супа од брокула.

Лесна крем супа од брокула 2

Состојки:

  • 500 г брокула
  • 1 главица кромид
  • 1 чешне лук
  • 4 компири
  • 1 литар вода
  • 1 до 2 коцки супа, бујон од зеленчук или пилешки бујон
  • 100 мл павлака за готвење
  • малку путер по вкус
  • сол и црн пипер по вкус.

Подготовка:

  1. Кромидот исчистете го и исечкајте го.
  2. Компирите излупете ги, измијте ги и исечкајте ги на коцки.
  3. Брокулата измијте ја и исечете ја на помали парчиња.
  4. Лукчето измијте го и пресечете го.
  5. Во поголемо тенџере на оган загрејте го путерот, а потоа додајте го зеленчукот за малку да го запржите и да омекне.
  6. Додајте ја водата, коцката супа или бујонот и оставете супата да се вари на средна температура околу 30 минути.
  7. Потоа, тргнете ја од шпоретот и изблендирајте ја со помош на рачен блендер. Или, оставете ја да се излади, па изблендирајте ја во стандарден блендер.
  8. Изблендираната супа вратете ја на шпоретот. Зачинете ја со сол и црн пипер, додајте ја павлаката и измешајте. Оставете ја да вари уште неколку минути.
  9. Сервирајте ја со вкусно потпечено лепче и неколку семки од тиква и сончоглед за декорација. На здравје!

Рецептот го испратил: Лидија Јошевска, slatkitajni.com.

Ви препорачуваме да прочитате: Вкусна крем супа од карфиол.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: