мус од бело чоколадо

Луксузен мус од бело чоколадо со арома на портокал

Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници ви претставуваме еден рецепт за луксузен мус од бело чоколадо со арома на портокал. Ни доаѓа од кујната на Лидија, па сигурно веќе ви е јасно колку е добар истиот.

Прекрасната арома на портокал нѐ потсетува на празнична и домашна топла атмосфера. Во комбинација со бело чоколадо, мирисот на портокал се претопува во луксузно волшепство, додека пак слатката павлака му дава на овој мус совршена кремаста структура. Крајниот резултат ги задоволува сите сетила и претставува вистинска сензација на вкусови. Едноставно мора да го направите и овие празници да уживате во божиќната магија со чаша вкусен мус и добро друштво.

мус од бело чоколадо

Состојки:

  • 120 г бело чоколадо
  • 300 мл слатка павлака
  • 4 жолчки
  • 50 мл вода
  • 50 г шеќер
  • кора од ½ портокал.

Подготовка:

  1. Најпрво растопете го чоколадото на пареа.
  2. Павлаката изматете ја во средно цврста пена.
  3. Жолчките одделете ги од белките и ставете ги во длабок сад.
  4. Водата и шеќерот ставете ги во сад на оган и варете ги околу 3 минути.
  5. Растворот од вода и шеќер, додајте го во садот со жолчки со постојано мешање со миксер вклучен на најсилна брзина. Матете се додека добиете цврст крем.
  6. Потоа, во садот со жолчките додајте ги чоколадото, кората од портокал и павлаката, и се внимателно промешајте.
  7. Готовиот мус сервирајте го во 6 декоративни чаши и ставете го во фрижидер за да се стегни неколку часа.
  8. Мусот декорирајте го со малку кора од портокал и колаче по ваш избор. За време на божиќните празници може да искористите божиќно колаче во облик на срце.

Рецептот го испратил: Лидија Јошевска, slatkitajni.com.

Ви препорачуваме да прочитате: Чоколаден мус.

Сподели: