магдонос

Магдонос – најпознатата зачинска билка во светот

Магдоносот е лековито растение за кое сигурно сите имаме слушнато, но најверојатно позитивните ефекти кои може да ги има врз нашето здравје се занемарени или за многумина се непознати. Покрај тоа што знаеме дека ароматичниот магдонос е одличен избор за збогатување на вкусот на нашите јадења, во понатамошниот текст дознајте и за хранливата вредност и за неговата способност позитивно да делува на нашиот организам.

Магдоносот го чува здравјето на срцето

Можеби нема да ви се верува, но магдоносот е богат извор на антиоксидантни материи, како витамин Ц, со што ги заштитува нашите клетки од оштетувања кои може да се појават како резултат на делувањето на штетните слободни радикали. Благодарените на состојките кои ги содржи, магдоносот го одржува здравјето на срцето, а превенира појава на реуматоиден артритис. Истражувањата покажале дека маслото од магдонос ја спречува појавата на тумори, и го забавува растот на веќе присутните тумори во организмот. Покрај тоа, магдоносот е познат диуретик, кој особено поволно влије при проблеми со бубрезите, како камчиња, песок или бактериски инфекции. За да ги прочистите бубрезите со магдонос, прочитајте повеќе информации тука.

магдонос

Нутритивна вредност  на магдонос

Магдоносот е нискокалоричен зачин кој изобилува со витамините К, Ц и А, а од минералите е богат со железо. 100 гр магдонос содржи:

  • Калории: 36ккал (2% од дневните препорачани потреби на организмот – ДПП)
  • Витамин А: 8425 ИЕ (168% од ДПП)
  • Фолна киселина:  152мкг (38% од ДПП)
  • Витамин Ц: 133мг (222% од ДПП)
  • Витамин К: 1640мкг (2050% од ДПП)
  • Железо: 6,2мг (34% од ДПП)
  • Влакна: 3,3гр (13% од ДПП*)

Неколку идеи за да го вклучите магдоносот почесто во вашата исхрана

Пред да го консумирате, најважно е магдоносот добро да го измиете со ладна вода, за да ги отстранете нечистотиите како што се песок или прашина. Свежо сечканиот магдонос е одличен додаток во домашни супи, чорби со леќа, шпагетиќебапчиња и ќофтиња, а може да го грцкате или да го додадете во некоја зелена салата.

Ви препорачуваме да прочитате: Магдонос и лимон против лош здив.

Сподели: