Кај има поубаво од вкусот на домашните традиционални јадења? Се сложувате ли со нас? – Ве потсетуваме на едно јадење кое потсетува на љубовта и грижата од мајките и бабите. На Инстаграм профилот на Сика, најдовме проверено вкусно макало од сушени пиперки и компири. Нашата семејна традиција е многу слична со онаа на нашите пријатели од Сика, па со задоволство го споделуваме овој супер вкусен и посен рецепт.
Нашата пријателка Елена @pomojvkus има рецепти кои ни се допаѓаат и по многу нешта наликуваат на нашите, па така заедно со Сика, го избравме овој нејзин рецепт да го споделиме со сите вас. А кога сме на темата пиперки, ви препорачуваме да прочитате и: Топ 6 придобивки од сушената црвена пиперка.

Состојки:
- 12 сушени пиперки @sika_spices
- 3 компири со средна големина
- 2-3 чили сушени пиперки или лут буковец @sika_spices
- 1 страк праз.
Подготовка:
- Кoмпирите и пиперките убаво измијте ги, па ставете ги да се варат во ист сад заедно на тивок оган.
- Оставете ги да се варат на тивко околу 1 час, со малку подотворен капак. Исклучете ја ринглата и оставете ги поклопени уште некое време.
- За тоа време исечкајте го празот на ситно, а може и во сечко, па посолете го со крупна сол и истолчете го.
- Компирите излупете ги, а од пиперките извадете ја лушпата. Кога се убаво сварени, лушпата се отстранува лесно со помош на виљушка или нож.
- Испасирајте ги компирите заедно со пиперките, додајте го посолениот праз и измешајте. По потреба додадете од водата во која се вареа пиперките, за да не ви биде многу суво макалото.
- Настрана загрејте масло до точка на вриење и попарете врз смесата да „чврчне”. Количината на масло не е стриктно одредена, тоа е по ваш вкус. Масло додавајте на неколку пати пополека. Промешајте, пробајте и по потреба додадете уште сол или масло. Уживајте во готвењето со зачините на Сика!

Автор на рецептот и фотографиите е инстаграм профилот @pomojvkus.
Ви препорачуваме да прочитате: Унгарски гулаш со кнедли.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.