Мохито со лубеница 1

Мохито со лубеница

Летото е создадено за долги вечерни дружби на балконот или во дворот со вашите пријателите, а со ова мохито таквите моменти ќе станат уште поинтересни и поисполнети! – Па, што чекате?! Поканете ги вашите пријатели на забава и израдувајте ги со овој неверојатен пијалак. Време е за мохито со лубеница!

Сите бараме начин плус како да се справиме со летните горештини, како да се разладиме и освежиме. Кога помислуваме на освежување тука секогаш на прво место ни се сладоледите. Но, нашиов предлог е многу поинтересен од тоа! Разладете се во долгите жешки летни ноќи. Благодарение на Лидија имаме супер рецепт за мохито со лубеница.

Мохито со лубеница 2

Оваа доза е за една чаша, а истата може да се прилагоди во зависност на бројот на вашите гости и пријатели. Едноставно зголемете ја количината на состојките според вашите потреби, изблендирајте и препуштете и се на забавата.

Состојки:

  • 1 лажица шеќер
  • 2-3 листови свежо нане
  • 150 мл блендирана ладна лубеница
  • 150 мл кисела вода
  • 40 мл бакарди или бел рум (за оние кои не се љубители на алкохол може и без)
  • една рака мраз
  • 1,5 лажица сок од лимон или лимета
  • листови свежо нане и лимон за декорација

Подготовка:

  1. Најпрво, чашата за мохито се полни со мраз.
  2. Ладната лубеница се блендира, се процедува од семките и се додава во чашата.
  3. Во сад за толчење се ставаат шеќерот, листовите свежо нане, сокот од лимон или лимета и белиот рум. Целата смеса убаво се толчи и се додава во чашата за мохито.
  4. На крај, чашата се дополнува со кисела вода и се декорира со ливчиња свежо нане и лимон. Се служи ладно. На здравје!

Рецептот го испратил: Лидија Јошевска, slatkitajni.com.

Ви препорачуваме да прочитате:  Рецепт за совршен мохито коктел.

Сподели: