Иако првата употреба на која ќе се сетите е во кулинарството, домашно припременото масло од нане е одлично за хидратација на кожата. Идеално за нега на здрава или чувствителна кожа која има акни. Смирува, хидрира и обновува.
Посебно е корисно за комбинирана и масна кожа, а претставува и одлична замена за бадемово масло. Не ви е потребно ништо специјално, само треба да сакате. Нежноста и убавината ви се на близок дофат и тоа бесплатно!

Потребно:
- листови од нане, во количина за да се наполне тегличката
- екстра девствено маслиново масло
- помала стаклена тегла
- цедилка со ситни отвори или газа
- шишенце.
Подготовка и начин на употреба:
- Листовите нане измијте ги малку избришете ги или оставете ги на памучна крпа да се исушат. Па, со помош на прстите малку изгмечете ги.
- Листовите ставете ги во помала тегла која ќе ја наполните до работ.
- Потоа, дополнете ја тегличката со екстра девственото маслиново масло и затворете со капак.
- Така припремената тегличка оставете ја на сонце неколку дена, а два пати на ден промешувајте ја содржината внатре. Ако времето е поладно и нема доволно сонце, оставете да стои 4-6 недели на собна температура, а при тоа исто така промешувајте 2 пати на ден.
- На крај, маслото процедте го низ цедалка или газа и складирајте го во шише. Рокот на траење му е 3-6 месеци, а можете секојдневно да го користите против акни и мозолчиња.
Ви препорачуваме да прочитате: Природен пилинг за усни од нане.