лековита салата од цвекло која ги чисти црниот дроб и дебелото црево 1

Направете лековита салата од цвекло која ги чисти црниот дроб и дебелото црево

Оваа лековита салата од цвекло загарантирано ќе го прочисти вашиот организам, а постојат и такви луѓе кои тврдат дека им влијаела позитивно на видот. Има многу причини зошто да ја вметнете во секојдневната исхрана, а подолу може да прочитате подетално за корисните својства.

Поголемиот број на луѓе го ставаат своето здравје пред се, а и потполно се во право за тоа. Нашето здравје е најважното нешто во животот и токму затоа треба добро да го пазиме. Но, полесно е да се каже, отколку да се прави, нели? Како што старееме, разните телесни функции се успоруваат и тоа доведува до различни проблеми кои може да се манифестираат на дебелото црево и видот.

Понекогаш може да дојде до насобирање на масти во црниот дроб, што може да доведе до штети во организмот. За среќа, постои едноставен природен лек кој може да помогне во ваквите случаи, а тоа е цвеклото. Претставува европски црвен зеленчук, кој не е претерано омилен поради својот необичен вкус, но богато е со многу есенцијални хранливи материи.

Може да ве интересира: Цвекло – 7 причини зошто е одличен здрав избор.

лековита салата од цвекло која ги чисти црниот дроб и дебелото црево 2

Цвеклото има способност да ја отстрани маста од црниот дроб, да спречи зачепување на дебелото црево, како и да го опорави видот. Одлично е против анемија и за зајакнување на кардиоваскуларниот систем, а богато е со железо и ја подобрува циркулацијата.

Може да ве интересира: Природен сок за подобрување на крвната слика.

Цвеклото содржи две ретки состојки кои се наречени бетаин и триптофан. Тие го намалуваат стресот и ги смируваат нервите, а исто така поседуваат антивоспалителни и антиоксидантни својства, што го прават цвеклото идеално оружје против карцином.

Овој зеленчук овично се јаде суров како салата, а еве еден добар и малку поинаков предлог како да приготвите вкусна салата.

Состојки:

  • 2-3 корења цвекло, зависно од големината
  • 2 помали главици кромид
  • маслиново масло по потреба
  • јаболкова киселина
  • прстофат сол.

Подготовка:

  1. Цвеклото излупете го и малку варете го за да омекне, а потоа ситно изрендајте го или исечкајте го на парчиња, по желба. Треба да се напомене дека цвеклото не треба да биде меко и преварено. Доволно би било да го варите 10-тина минути, колку да се дезинфицира, затоа што сепак расте во земја.
  2. Кромидот излупете го, измијте го и исто така варете го, но пократно за време од 3-5 минути. Ситно исечкајте го, колку што можете повеќе, а потоа измешајте го со цвеклото.
  3. На крај зачинете со масло, сол и киселина по вкус и послужете се.

Краток осврт зошто е добро да се консумира оваа салата

Секојдневното консумирање на лековитата салата од цвекло ќе го исчисти вашето дебело црево, црниот дроб и ќе ви го подобри видот. Како што е и погоре спомнато, цвеклото има многу здрави и хранливи својства, па треба да го вклучите во вашиот секојдневен режим на исхрана.

Ви препорачуваме да прочитате: 8 причини зошто да пиете сок од цвекло.

Сподели: