десерт со Vincinni

Направи брз десерт со Vincinni производи и освој награда!

Знаете ли дека полесна и послатка задача од оваа нема?! Има толку многу Vincinni производи што може да бидете многу креативни и да направите превкусни десерти! Па, уживајте во разновидната слатка палета, изборот на производи е неверојатно голем и можете да се препуштите на фантазијата. Вклучи се и ти, креирај, фотографирај и освој една од 5-те награди!

Бројот на рецепти кој можете да го направите е безграничен! За да ви помогнеме, еве неколку идеи од нас, а вам ви останува да го направите омилениот рецепт со користениот производ/и од Vincinni, да го фотографирате и секако да го споделите во коментар на оваа објава, во порака на фан страницата на Сѐ за храна или да ги објавите ги на групата на Сѐ за храна на Facebook.  Можете да направите разни нешта, на пример:

  • Брзи торти и колачи со корите за торта од Vincinni
  • Палачинки или крофни полнети со чокола или алми кремовите и додаток на чокола прелив
  • Вкусни колачиња со бисквитите, чајните колачиња, наполитанките и останатите кекси од Vincinni
  • Мафини и брауни од Vincinni со шлаг и чокола прелив
  • Непечени торти со ролатите и препознатливите тортици од Vincinni и уште многу други.

Време е за слатки нешта, па започнуваме денес на 16.04.2018 година, а наградниот натпревар ќе трае 21 ден, до 06.05.2018 година. Предност за подарок ќе имаат учесниците кои ќе употребат повеќе од еден производ на Vincinni во своите рецепти и секако ќе мора да бидат исполнети правилата за учество.

десерт со Vincinni

Правила за учество во наградниот натпревар:

  1. Фотографијата од рецептот мора да биде на учесникот и на истата да биде прикажан најмалку 1 производ од палетата на Vincinni. Со фотографијата, во коментар мора да биде напишан и детален опис на состојките и подготовката на рецептот.
  2. Сите испратени фотографии ќе бидат споделени во албум на фан страницата на Сѐ за храна, а најуспешните фотографии кои ќе соберат најголем број лајкови, ќе бидат рангирани за добивка и заедно со поените од комисијата за правилно учество, ќе бидат одлучени 5-те добитници.
  3. На крај, добитниците ќе бидат објавени на текст на sezahrana.mk со име и презиме на авторот.
  4. За да биде валидно учеството, објавата на фан страницата на Сѐ за храна треба да ја споделите со Public (Јавно) на својот профил и да ставите Like (Ми се допаѓа) на фан страницата на Vincinni.

Сите производи кои учествуваат во натпреварот може да ги погледнете тука. Истите може да ги набавите многу лесно од речиси сите маркети низ Македонија.

Тоа е тоа! За да учествуваш, направи си брз и вкусен десерт, фотографирај го, прикачи ја твојата фотографија, задолжително со име и презиме во коментар под оваа објава и освој една од 5-те награди! Колку повеќе рецепти пријавиш, толку поголеми ти се шансите да освоиш подарок.

Уживај во слаткиот вкус на Vincinni! Среќно!

Важно: Деталите околу правилата на наградниот натпревар, прочитајте ги тука.

Може да ве интересира: Велигденска „Зајко“ торта без печење со кори од Винчини.

Сподели: