7 најдобри извори на омега 3 масни киселини 1

7 најдобри извори на омега 3 масни киселини

Имајќи го предвид нивното значење за организмот, влијанието за намалување на воспалителните процеси во организмот, заштитната функција на срцето, артериите и коските, подоброто памтење, помош во регулирањето на крвниот притисок, важно е да знаеме кои намирници се најдобри извори на омега 3 масни киселини.

Има неколку начини да го обезбедите својот организам со оптимални количини на здрави масни киселини. Еден од начините е правилниот избор на хранливи намирници.

7 најдобри извори на омега 3 масни киселини 2

Чиа семе

Ова се навистина магични зрнца. Покрај тоа што изобилуваат со омега 3 масни киселини, чиа семките се побогати со калциум од млекото, имаат двојно повеќе калиум од бананите и три пати повеќе железо од спанаќот.

Ленено семе

Само 1/4 шолја ленено семе содржи околу 7 грама омега 3 масни киселини.  Научните истражувања покажале дека ова семе го намалува ризикот од срцеви заболувања, рак, мозочен удар и дијабетес.

Ореви

Иста количина на ореви, како и лененото семе (1/4 шолја), содржи 2.8 грама од овие масни киселини. Покрај тоа, оревите помагаат во голема мера за регулирање на нивото на холестерол.

Лосос

Тој е познат како најбогата риба со омега 3 масните киселини.

Сардини

Се истакнуваат со висока содржина на здрави масни киселини, а содржат и витамин Б12 и секако корисни протеини.

Тиква

За тиквата е помалку познато дека ги има во својот состав овие масни киселини, а освен нив богата е со витамините А и Ц.

Тофу

Околу 100 гр тофу содржи 0.4 грама од омега 3 масните киселини. Изберете го својот омилен рецепт и земете ги корисните материи.

Ви препорачуваме да прочитате: 13 улоги на омега-3 масните киселини и 20 извори на храна.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: