Најдобри намирници за летните денови и согорувачи на масти 1

Најдобри намирници за летните денови и согорувачи на масти

Летото е време од годината кога има изобилие од овошје и зеленчук, а тоа треба да се користи и да се внесуваат доволни количини кои ќе го подобрат нашето здравје. Во продолжение може да прочитате се најдобри намирници за летните денови и брзо опоравување од топлотните бранови.

Со почетокот на летото се повеќе ќе сретнеме скараџии и расположени друштва. Црвените меса исчистете ги од масните делови. Нив, како и пилешкото месо, се препорачува пред печење да ги чувате барем половина час во маринада, со што и подлабоките слоеви на месото ќе останат сочни, а на тој начин се намалува можното канцерогено дејство од „прегорените“ делови на месото кои во секој случај треба да се отстрануваат. Подолу прочитајте повеќе препораки.

Најдобри намирници за летните денови и согорувачи на масти 2

Еве неколку намирници и совети кои сигурно ќе ви помогнат да се чувствувате одлично во текот на летниот период:

  • Јадете многу свеж зеленчук, овошје и производи од интегрални житарици, на овој начин ќе се чувствувате енергични и ќе бидете витални.
  • Пијте многу вода и пред да почувствувате жед. Избегнувајте многу ладни и газирани напитоци.
  • Ограничете го внесот на заситени масти до 10% дневно.
  • Јадете што повеќе риба.
  • Намалете го внесот на месо и не претерувајте со протеинската исхрана или многу слатките јадења.
  • Распоредете го дневниот внес на храна на 5-6 помали оброци.
  • Бирајте овошје и зеленчук кои се богати со витамин Ц, како што се праски, вишни, малини, пченка, кои сега ги има во голема количина на пазарите.
  • Доматот е многу популарна намирница која е богата со ликопен и други фитохемикалии кои го намалуваат ризикот од рак на простатата. Богат е со витамин Ц и калиум, а лесно се користи во облик на салати или како прилог за разни јадења.
  • Сливите се исто така добар извор на витамин Ц, а ги обезбедуваат и основните антиоксиданси повеќе од било кое друго овошје.
  • Кафето го забрзува метаболзимот, па прочитајте зошто кафето може да биде вкусен пијалак за одржување на витката линија.

За топ изглед во летниот период ќе ви помогнат следните согорувачи на масти: грејпфрут, лимон, ананас, вишни, круши, кајсии, овошен јогурт, млеко и пробиотски јогурт, кои може да бидат со помала количина на млечна маст од 1-1,5 %, гршок, грав, леќа, интегрални тестенини итн.

Ви предлагаме да прочитате: Зошто согорувањето на масти е различно кај мажите и жените?

Сподели: